Регион
Бериша: Албанија е пред дестабилизација
Албанија е пред дестабилизација, а за тоа виновно е раководството на владата во Тирана, обвини поранешниот албански премиер и шеф на државата, Сали Бериша кој побара од граѓаните да се организираат и да издејствуваат предвремени избори.
„Моментално Албанија ја водат децата на ’енверистите’ и сето оваа што се случува со експлозиите во центарот на главниот град и сé друго, бара итно решение“, нагласи поранешниот албански премиер и претседател Сали Бериша во петокот попладне на 24- годишината од уривањето на споменикот на албанскиот диктарот Енвер Хоџа во Тирана .
Тој го повика народот повторно да се организира и на предвремени парламентарни избори да го собори премиерот Еди Рама кој според Бериша е само „дете на луѓето на кликата на Хоџа“ и ја врака Албанија назад. „Земјата оди право кон дестабилизација и пропаст“, нагласи Бериша.
Инаку во Албанија по повод 24-годишинтата од уривањето на Споменикот на Хоџа во Тирана десницата одржа бројни активности и притоа побара предвремени избори за надминување на, како што рече, кризата во земјата .
На 10-ти февруари, во центарот на албанската престолнина одекнаа три експлозии, кои според албанскиот премиер Еди Рамаи биле вперени против семејството на актуелниот министер за внатрешни работи на Албанија Саимир Тахири. Тој тогаш ј констатираше дека цел на, како што ги нарече – терористите, бил министерот Тахири поради пресметката со криминалните банди.
Рама оцени дека тоа се „типични терористички напади врз владин функционер со цел со заканите да се попречи активноста на министерот Тахири и владата“. „Власта смета дека пресметката со голем број на криминални банди, но и нарко банди, им пречи на оние кои се на удар на законот, поради што тие се обидуваат да влијаат со терористички акти врз семејството на Тахири“, рече тогаш албанскиот премиер.
Од друга страна, опозицијата ја изнесе оценката дека албанското МВР и министерот Тахири веќе не се во можност да ја контролираат состојбата на теренот .
Три моќни експлозивни направи беа поставени на објекти и имоти на семејството на министерот Тахири, од кои две беа детонирани во објектите што ги поседува таткото на Тахири, но за среќа експлозиите со далечинско управување од телефон не предизвикаа жртви. /крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

