Регион
Бомбаш самоубиец на IS се разнесе при полициска рација во Турција

Лице кое било осомничено дека е припадник на екстремната сунитска групација Исламска држава (IS) го активирал експлозивот што го имал на себеси во текот на полициска рација во куќа во Газиантеп, турски град во близина на сириската граница, објавија во четвртокот турските медиуми.
„Терористи кој бил во засолниште на Даеш (арапски акроним за ISIL), го активираше својот експлозивен појас, кога му се прбилижиле полицајците“, извести новинската агенција Dogan, без информации дали има ранети припадници на полицијата. Голем број возила на брзата помош се упатиле кон местото на експлозијата, се додава во извештајот.
Нема повредени меѓу полицајците, јави во меѓувреме провладината агенција Anadolu, додавајќи дека бомбашот загинал во експлозијата и оти е уапено друго лице кое било во куќата.
Во експлозија на автомобил бомба на 1-ви мај во Газиантеп загинаа тројца полицајци, Нападот се случи една седмица по посетата на европските челници, меѓу кои беше и германската канцеларка Ангела Меркел.
Турција е во состојба на највисока приправноста по низата крвави судири со курдските бунтовници и џихадистите од Исламската држава, а медиумите и во четвртокот јавуваат за повеќе жртви на двете страни./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.