Регион
Борисов: Загрижени сме поради ескалацијата на реваншизмот и насилството во Турција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/borisov20eu-1.jpg)
Набљудувајќи ги настаните во соседна Турција, силно сме загрижени во врска со ескалацијата на реваншизмот и спиралата на насилство, која што се случува, напишал бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот фејсбук профил, коментирајќи ги последните случувања во Турција, пренесуваат бугарските медиуми.
„Уште ноќта кога започна превратот, со моите колеги одржавме вонредна седница на Министерскиот совет, и потоа изјавив дека отсекогаш сум бил за почитување на законите – онака како што сметам дека изборите се единствениот демократски начин за промена на власта, на ист начин сметам дека единствениот разумен пристап кон потрага по вистината е преку фер судење“, порачал бугарскиот премиер.
„Насилството раѓа насилство. Не може да се постигне мир со војна и убиени. Се надевам дека овие ужасни настани во Турција, кои зедоа стотици невини жртви, ќе послужат како пример од она што треба да се чуваме и дека одговорот на тоа да биде легитимен, демократски и да се почитуваат сите човекови права“, заклучил Борисов./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Познат идентитетот на убиените во БиХ: полицијата насилно влегла во станот каде што ги пронашла телата на мајката и детето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/82946d10-106a-4c79-b07e-0db0d396f511.jpg)
Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.
„Кликс“ објави дека убиената е Инела Селимовиќ, која на последните локални избори беше кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.
„Кликс“ исто така пишува дека осомничен за двојното убиство е Емир Селимовиќ.
Додаваат дека мажот работи како доставувач во супермаркетот во зградата во која живеело семејството.
Не е познато дали е вооружен.
Според неофицијални информации, се сомнева дека Селимовиќ ги убил сопругата и детето со задушување.
„Синоќа, полициски службеници од Управата на полицијата на кантонот Тузла, ПС Калесија, по пријава и одобрение од кантоналниот обвинител и судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија, каде пронашле безживотни тела на жена и дете“, изјави Аднана Спречиќ, портпаролка на полицијата во кантонот Тузла.
Регион
Маж во Босна и Херцеговина ги убил сопругата и 13-годишниот син: во бегство е
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/policija-bih.jpg)
Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.
Безживотните тела се пронајдени во станбено-деловен објект, а како што неофицијално дознава порталот, мажот и жртвата формално се разведени, но живееле заедно.
„Повеќе детали ќе се знаат подоцна“, изјави Арнаутовиќ.
Регион
Црногорците ги бојкотираа продавниците, го намалија нивниот промет за 30 отсто
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-13-072052.jpg)
Поради бојкотот на продавниците во саботата на 8 февруари, петте најголеми трговски синџири во Црна Гора забележаа пад на прометот од 30,23 отсто во однос на 1 февруари, покажуваат податоците на Даночната управа, јавува Анадолија.
Како што јави црногорската агенција МИНА, продавниците на 8 февруари оствариле промет од 2,96 милиони евра, додека на 1 февруари, кога немало бојкот, прометот изнесувал 4,24 милиони евра.
Податоците на Даночната управа покажуваат дека прометот најмногу паднал во централниот регион на земјата и тоа за 35,86 отсто.
Во северниот регион е забележан пад на прометот за 30,62 отсто, додека во јужниот регион има 21,5 отсто помалку пари во касите на супермаркетите.
За 18,15 отсто помал е бројот на издадени фактури.