Регион
Бројот на жртвите од експлозиите во Анкара се искачи на 95

Најмалку 95 лица загинаа во двете експлозии кои одекнаа во саботата наутро во центарот на турската престолнина Анкара, пред почетокот на протесната поворка за мир во југоисточниот дел од земјата, што претставува најголемиот терористички чин во историјата на Турција, објави во саботата доцна вечерта кризниот центар што го формираше премиерот Ахмет Давутоглу.
Претходно италијанската новинска агенција ANSA, повикувајќи се на извори во опозициската Национална демократска партија (HDP), чии приврзаници се меѓу жртвите, кои имаа намера да учествуваат во поворката на која повикаа синдикатите и невладините организации, објави дека бројката на загинати се искачила на 97, но турските власти тогаш инсистираа на бројката од 86 загинати.
Како што ноќта кон неделата соопшти во Анкара министерот за здравство, Мехмет Мујезиноглу, покрај загинатите, уште 246 луѓе се ранети во експлозиите, од кои 48 се во критична состојба. Покрај тоа повредени се и 9 полицајци, пренесува интернет изданието на весникот Hurriyet.
Мујезиноглу изјави дека медицинските екипи брзо реагирале на местото на нападот, но „поради паниката и поради големината нападот имало некои пречки во нивното работење, што можеби довело до поголем број на жртвите“.
Сепак, министерот за внатрешни работи Селами Алтинок отфрли секаква одговорност на властите, велејќи дека не се размислува за оставка. Тој пред новинарите го повтори кусите информации за видот на нападот и неговата организација, истакнувајќи дека тие не потекнуваат од разузнавачки извори и изрази надеж дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат во договорениот термин на 1-ви ноември.
Одделно, еден од челниците на владејачката Партијата на правдата и развојот (AKP) Омер Челик, исто така, изјави дека нападот кој турските власти го квалификуваа како терористички чин зад кој стојат екстремни сили, е во насока на претстојните избори. Тој повтори дека премиерот Ахмет Давутоглу, како претседател на AKP, ги суспендираше предизборните активност на партијата следните три дена. Челик ја истакна неопходноста од „обединета позиција“ во моментов.
„Овој терористички напад е насочен кон создавање хаос, поттикнувања на одредени улични немири и загрозување на изборите. Треба да останеме смирени на ваквите обиди“, порача Челик според кој нападот можел да се случи секаде низ Турција и дека е планиран и организиран од екстремистите и е насочен против сите во земјата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж од Загреб сексуално злоставувал 12-годишно девојче: кога му се спротивставувала тој ја тепал

Жељко Валент (39) од Загреб е осуден на четири години и десет месеци затвор за тешко кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете, објави порталот „Бурин“.
Пресудата ја донесе советот на окружниот суд во Риека, а покрај затворската казна, осуденото лице е должно да плати и 3.390 евра за процедурални и вештачења.
Злоупотребата се случила од октомври до втората половина на декември 2023 година во стан во Хановер, каде што Валент престојувал со девојчето.
Според пресудата, тој го искористил отсуството на нејзината мајка и постојано ги допирал интимните делови на детето, пишува „Бурин“. Судот заклучи дека станува збор за однесување кое законот го изедначува со сексуален однос.
Девојчето се обидело да му се спротивстави, но тој ја удирал, а во еден момент таа претрпела полесни повреди, според „Бурин“.
Валент, кој е сопственик на столарија, не бил присутен на објавувањето на пресудата. Судењето, како што е вообичаено во вакви случаи, било затворено за јавноста.
Пресудата не е конечна, а Валент има право на жалба.
Регион
(Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата „Пинк“. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар.
Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата „Пинк“, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниеден цел збор. Водителите го прашаа неколкупати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.
UDARNO: Hitno prekinut program na Pinku! Glišić se šlogirao u sred emisije?!
Ministru za javna ulaganja Darku Glišiću naglo je pozlilo uživo u jutarnjem programu na Pinku. pic.twitter.com/otIuN977tP
— Mario ZNA (@MarioBojic) August 5, 2025
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека состојбата на Глишиќ е сериозна и дека тој бил донесен во Ургентниот центар во несвесна состојба.
Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде што набргу пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.
Дарко Глишиќ е министер во владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави заедничка фотографија на својот инстаграм-профил со министерот и напиша: „Даре, држи се! Нема предавање“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин