Регион
Бугарија: Тесна предност за претседателскиот кандидат на опозицијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/rumen-radev.jpg)
Кандидатот за претседател на Бугарија, Румен Радев има предност од меѓу 1,5 отсто и 4 отсто, во зависност од медиумите, пред кандидатката на владејачката партија Ццка Цачева, покажуваат податоците од излезните анкети објавени во неделата вечерта по затворањето на избирачките места.
„Со голема веројатност можеме да кажеме дека изборите ќе се одвиваат во два руга, а во вториот ќе одат Цецка Цачева и Румен Радев“, изјави за телевизијата bTV, вицепремиерот на бугарската влада, Томислав Дончев. Притоа истакна дека во моментов станува збор за излезни анкети а не за конечни резултати од првиот круг на изборите и порача да се почекаат официјалните резултати
Коментирајќи во врска со можната оставка на владата во врска поради можниот неуспех на претседателскиот кандидат на владејачката партија Граѓани за европска Бугарија (ГРЕБ), Дончев вели дека за тоа прерогативите се кај претседателот на владата
„Одлуката за оставката, е привилегија на шефот на владата, доколи тој донесе одлука, ние сме подготвени веднаш да поднесеме оставки“, изјави вицепремиерот.
Изјавата на Дончев е во контекст на изјавата на премиерот Бојко Борисов кој во една прилика вети дека ќе поднесе оставка доколку кандидатката на неговата партија не освои најголем број гласови во првиот круг од претседателските избори. Според коментаторите, доколку кандидатката на владејачката ГЕРБ, Цецка Цачева, не победи на изборите, Борисов би можел да повика на предвремени парламентарни избори, што Бугарија повторно би ја довело во состојба на политичка нестабилност.
Педесет и осумгодишната Цачева, која е актуелна претседателка на бугарскиот парламент, според анкетите требаше да избие на врвот од кандидатската листа за шеф на државата на којашто има дури 21 кандидат, со околу 30 отсто од поддршката на гласачите. Меѓутоа, засега таа е зад поранешниот командант на бугарските воздухопловни сили Румен Радев, кој е непартиски кандидат, но го поддржува опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), за кој противниците велат дека би бил наводно повеќе „по волја“ на Москва./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-204400.jpg)
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.
До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.
Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.
Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.
Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.
Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.
Регион
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, ќерка му е со 85 отсто изгореници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/3-13.jpg)
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи, Калин Стојанов.
Мажот (49), кој почина во експлозијата, добил тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, сѐ уште е во критична состојба, пренесува порталот „Новините“.
Стојанов рече дека во магацинот во кој се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.
Регион
Дете починало 7 дена по операција на крајници во Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/23.jpg)
Седумгодишно дете почина вчера, една недела по операцијата на крајници, која беше извршена во Клиничката болница „Свети дух“ во Хрватска.
Седум дена по извршената операција на Клиниката за оториноларингологија и хирургија на глава и врат и шест дена по отпуштањето од болница, детето во раните утрински часови било донесено утрово без витални знаци.
Веста за смртта на детето во рок од 24 часа ја потврди директорот на болницата, д-р Игор Алфиревиќ.
„За жал, точна е информацијата дека во четвртокот, 25 јули 2024 година, по реанимација во Обединетата итна болница на Клиничката болница „Свети дух“ почина седумгодишно дете“, рече тој.
Во тек е истрага, а телото на детето е испратено на обдукција.