Регион
Бугарската полиција откри близу 130 бегалци во камион-ладилник

Бургаската полиција соопшти дека открила околу 130 бегалци и имигранти во камион-ладилник во близина на границата со Турција, на граничниот премин Капетан-Андреево.
Според соопштението на бугарското министерство за внатрешни работи во саботата прецизираше дека биле откриени 38 мажи, 38 жени и 58 деца, сокриени меѓу стоките што ги превезувал камионот кој влегол од територијата на Турција. Според портпаролката на министерството, се верува дека повеќето од откриените лица се Сиријци баратели на азил, и додаде дека возачот на камионот, 53-годишен турски државјанин, е притворен.Бугарската полиција во саботата извршила проверки на вкупно околу 6.000 возила и привела 16 осомничени транспортери, како и 495 бегалци кои сакале да минат низ земјата илегално. Властите стравуваат дека ќе се зголеми приливот на бегалци и имигранти, со настапувањето на студената зимска сезона, кога бегалците од Турција ќе го одбегнуваат опасниот поморски пат кон Грција.Според Меѓународната организација за миграција (IOM), повеќе од 680.000 бегалци од војните и сиромаштијата, од Блискиот исток и северна Африка пристигнале на европските брегови оваа година, претежно преку опасните поморски рути од Турција во Грција и преку Средоземното Море од Либија до Италија. Повеќе од 3.000 од нив ги загубиле животите или се водат за исчезнати во обидите да стигнат до Европа./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.