Регион
Бушати: Белград да ги повлече навредите за Албанците
Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати побара во четвртокот Србија да ги повлече сите свои навредливи изјави против Албанците.
Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати побара во четвртокот Србија да ги повлече сите свои навредливи изјави против Албанците.
Во својот говор во Собранието на Албанија, министерот за надворешни работи Дитмир Бушати рече дека српската страна изминатите денови употребила јазик на омраза, коментирајќи го инцидентот кој се случи за време на фудбалскиот натпревар меѓу Србија Албанија на стадионот на Партизан во Белград, поради што го повика Белград да се дистанцира од сите провокации.
„Имавме реакции од српскиот претседател и премиерот, како и од Фудбалската федерација на Србија, и заеднички елемент на сите тие изјави беше јазикот на омраза против Албанија. Албанија со жалење констатира дека очекува од српските официјални претставници да се дистанцираат од ваквите изјави“, рече Бушати.
Првиот човек на албанското МНР, подвлече дека Албанија внимателно ги следела сите случувања во врска со инцидентот и констатира дека албанскиот амбасадор во Србија не можел да ја извршува својата должност, бидејќи српската страна го уапсила и подоцна незаконски им ги одземала документите на членовите на делегацијата.
Седницата на која говореше Бушати за инцидентите во Белград, не ја следеа пратениците на опозицијата кои повеќе месеци ја бојкотираат работата на парламентот поради незадоволство од работата на владејачкото мнозинство. /крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

