Регион
Ципрас предупредува на опасност од крајната десница во Европа
Грчкиот премиер Алекис Ципрас, кој доаѓа од редовите на радикалната левица, предупреди во саботата во Атина на опасноста од „популистичките сили од крајната десница“ во Европа, а во прв ред на јакнењето на францускиот Национален фронт (FN)
„Треба да се избира меѓу почитувањето на демократијата и опасноста од подемот на популистичките сили од крајната десница во Европа“, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на несигурен англиски јазик пред разговорите со првиот секретар на француската комунистичка партија Пјер Лорен, забележува AFP.
„Поради тешкотиите во рамките на Европската унија, сведоци сме на радикалниот подем на (претседателката на Националниот фронт Марин) Лепен и силите на крајната десница (…) Доколку сакаме да бидеме за Европа, мораме да ја почитуваме демократијата во Европската унија“, смета Ципрас.
Националниот фронт, кој инаку се противи на сегашната структуираност на Европската унија, има сигурно водство во испитувањата на јавното мнение во Франција за изборите за департманите на 22-ри март, но аналитичарите не ѝ предвидуваат победа на вториот круг на 29-ти март, кога претпоставуваат дека ќе дојде до предавање на гласовите меѓу конзервативците од UMP и владејачките социјалисти на претседателот Франсоа Оланд.
Радикалната левичарска влада на Ципрас во моментов води тешки преговори со европските доверители за договорот за исплатата на огромниот јавен долг на Грција. Премиерот повеќепати изјавуваше дека европските конзервативни влади, како португалската и шпанската, сакаат да ја фатат Атина во стапица за „финансиски да ја задушат“ неговата земја.
Грчката влада ги предупреди европските партнери дека продолжувањето на политиките на штедења само би им одело н арака на евроскептиците и подемот на крајната десница. Во самата Грција, пак, владата истакнува дека петгодишното буџетско штедење предизвикала хуманитарна криза и ги турнала Грците во прегратките на неонацистичката партија Златна зора која на јануарските предвремени парламентарни избори го зазеде третото место./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

