Регион
Дачиќ: Одлуката на ЕУ да не ги отвори преговарачките поглавја со Србија е срамна

Шефот на српската дипломатија во технички мандат Ивица Дачиќ ја оцени во четврток како „срамна и понижувачка“ одлуката на Европската унија(ЕУ) да не ги отвори преговарачките поглавја 23 и 24 со Србија, сметајќи дека всушност Унијата, а не Хрватска ја блокира Србија.
„Таквата одлука е срамна, неразбирлива и понижувачка за Србија. Таа е резултат на политичката намера да се запре или забави европскиот пат на Србија“, рече Дачиќ, додавајќи дека Брисел истовремено ги отвора поглавјата со Турција и Црна Гора.Тој, како што пренесува РТС, одлуката на Брисел ја оцени како „отворен политички притисок врз Србија да се откаже од својата јасна политика на заштита на државните интереси“.Дачиќ рече дека на премиерот Александар Вучиќ ќе му предложат итни консултации за понатамошните надворешно-политички потези, потсетувајќи дека Србија исполнила сѐ што се барало од неа во досегашниот евроинтеграциски процес. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.