Регион
Давутоглу: Немаме намера да се пазариме со ЕУ во однос на бегалската криза
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги предупредил лидерите на Европската унија (ЕУ) дека Анкара нема намера да се пазари по прашањето на решавањето на бегалската криза, пренесуваат светските агенции.
Давутоглу истакнал дека понудата на Анкара да учествува во решавањето на проблемите е исклучително од хуманитарни причини.
„За Турција бегалската криза не е ситуација за преговарање, туку работа на хуманитарни вредности, како и европски вредности. Нашата главна цел е да овозможиме помош за бегалците низ засилување на врските меѓу Турција и Европската унија. Се надевам дека ќе пронајдеме заедничка основа во согласност со заедничките цели“, рекол Давутоглу.
Претходно лидерите на ЕУ на самитот во Брисел договорија заеднична позиција за планот околу враќањето на десетици илјади мигранти во Турција.
Луксембуршкиот премиер Хавиер Бетел на социјалната мрежа Twitter објави вест за договорот по разговорите во Брисел, каде лидерите на ЕУ добија уверување дека нацрт договорот нема да резултира со масовни депортации, а истовремено биле надминати разликите, благодарејќи на олеснувањата кои и беа ветени на Турција во замена за нејзината помош, пренесува АР.
На основа на планот на договорот, ЕУ ќе плати за новите мигранти кои пристигнуваат во Грција, но не ги исполнуваат условите за азил, да бидат вратени во Турција. За секој вратен мигрант, ЕУ ќе прими по еден сириски бегалец, а потоа сите од нив ќе бидат распоредени во државите на ЕУ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

