Регион
Delo: Односите меѓу Србија и Хрватска се како свеќа на ветер
Хрватско-српските односи се како свеќа на ветер, пишува словенечкот весник Delo, нагласувајќи дека „во новото заладување меѓу Србија и Хрватска свој придонес дала и Европската унија (ЕУ)“.
Хрватско-српските односи се како свеќа на ветер, пишува словенечкот весник Delo, нагласувајќи дека „во новото заладување меѓу Србија и Хрватска свој придонес дала и Европската унија (ЕУ)“.
Весникот пишува дека „балканските народи низ историјата меѓусебно се убивале поради тоа што едните биле Хрвати, а другите Срби“.
„Денес, хрватската претседателка со модел по кои хрватските сили наредија конечно да се реши српското прашање во Хрватска, или, пак, нејзиниот српски колега, кој Вуковар го прогласи за српски град, не се гаранција за помирување“, стои во текстот на Delo.
„Во Хрватска не е создадена постконфликтна елита, која би била еднаква на популистите и националистите, а во Србија елитата исто така прибегна кон историски истрошените концепти и исто како и Хрватите, симулира регионална соработка“, пишува Delo.
„Усташката програма, која се базира на непризнавање на другите народи на територијата на Хрватска, или, пак, четничката програма, која единствената можност за подобри односи на гледа во преселувањето и размената на српското и хрватското население, можат повторно да се вратат од мртвите“, смета словенечкиот весник, додавајќи дека придонес за заладувањето на српско-хрватските односи дала и динамиката на проширувањето на ЕУ.
„Во неа преовладуваше германскиот пристап, кој со цел да создаде од Хрватска водечка сила во регионот ја издвои од западен Балкан, иако влегувањето на Хрватска во ЕУ беше ветер во едрата за хрватскиот национализам, кој се чувствува супериорно во однос на своите источни соседи“, коментира Delo.
На крајот на текстот се додава дека „иако во Европскиот парламент пропаднаа првите хрватски обиди билатералните прашања да се решаваат преку условување на европскиот пат на Србија, хрватските пратеници нема да се откажат“.
„Со оглед на тоа што сè уште не се подготвени да ги затворат меѓусебните спорови, Хрватска и Србја ќе останат заложници на политиката која живее од конфликти, а дека Хрватска ќе биде чесна кон Србија е само една празна фраза“, стои во текстот на Delo.
„Свое влијание во односот на силите има и Берлин, а дали ќе има и слух за реалност и значењето на српско-хрватските односи на Балканот, кои се како свеќа на ветар, ќе покаже времето“, заклучува словенечкиот весник./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

