Регион
Додик: Формирањето на трет ентитет би ја стабилизирало БиХ

Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик изразил уверување дека создавањето на хрватски ентитет во рамките на Босна и Херцеговина (БиХ) би донело стабилизација на државата, пренесува Танјуг.
Додик потенцирал дека не сака да се меша во односите во другиот ентитет, Федерацијата БиХ, но дека е уверен оти создавањето на територијални единици за Хрватите би придонело за стабилизација на состојбата во БиХ, поради тоа што „сите би биле на своето и би барале некаква заедничка политика“.
„БиХ, со мајоризација на еден народ од страна на друг, не е возможна“, изјавил Додик.
Тој исто така оценил дека без учеството на бошњачките политичари не може да се реши прашањето за исламскиот екстремизам.
„На секого му е јасно дека организацијата Исламска држава има огромно влијание, не само на муслиманите овде, тука низ целиот свет. Има 350 лица од БиХ кои активно учествуваат во војната. Во БиХ се евидентирани повеќе од 3 илјади потенцијални терористи, но за нив не се зборува“, изјавил Додик за „Вечерњи лист“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.