Регион
Додик: По Шкотска нека се подготвува Република Српска

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик оцени дека без оглед на тоа каков ќе биде исходот од денешниот референдум во Шкотска, Европската унија нема повеќе право било кому да оспорува употребата на референдум со цел заштита на своите права и додаде „нека се подготви Република Српска“.
„Референдумот за независност на Шкотска, кој се градеше низ цела низа законски и други активности десетици години, од 18 септември 2014 година престанува да биде само убав сон на Шкотите и ноќна мора на британските политичари, туку станува нова реалност на Ервопската унија“, наведе Додик во интервју за Nedeljnik.
Тој истакна дека референдуот во Шкотска е своеврсна потврда на правата на Русија во Украина да одлучат каде и како ќе живеат, но и потврата на исправноста на определувањето на водството на Република Српска институцијата референдум перманентно да ја гради и да ја јакне.
„Не е важен ниту резултатот. Единствено е важно дека институцијата референдум која подразбира дезинтеграција на една од најмоќните држави на светот, лесно се вшета во бриселските сводови. Значи, без оглед на резултатот, Европската унија нема повеќе право никому да оспорува употреба на институцијата референдум во насока на заштита на своите рпава, вклучително и правото на подобар живот“, рече Додик.
Претседателот на РС нагласи дека рефеендумот обезбедува и мир и деморкатија и неотуѓиво право на нарадото признато со сите меѓунаордни документи.
„И додека во Шпанија се подготвуваат референдумскот прашање во Шкотска да го преведат од англиски на каталонски, им посакувам на Шкотите и остатокот на Британија мирен и достоинствен 18 септември, кој сосема сигурно ќе стане историски датум“, вели Додик. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.