Регион
Дрогата ги судри власта и опозицијата во Албанија

Албанската опозиција упати остри критики на адреса на власта обвинувајќи ја дека дел од министрите се и корисници на дрога.
Албанската опозиција упати остри критики на адреса на власта обвинувајќи ја дека дел од министрите се и корисници на дрога.
Поранешниот премиерот Сали Бериша, на седницата на Собранието на која беше изгласана Спогодбата на Албанија со САД за користење осум милиони долари за контрола на наркотиците, опозицијата го обвини и министерот за внатрешни работи, Саимир Тахири, дека е директен корисник на дрога. И актуелниот премиер Еди Рама упати критики за шверцот со наркотиците во времето кога на власт беше Демократската партија .Во меѓувреме во земјата продолжува масовното уништување на илјадници садници дрога од типот канабис сатива, за која се тврди дека е една од најквалитетните дроги – марихуана. Пред извесно време имаше пратеници на левицата која е на власт, кои побараа и легализирање на производоството на дрогата во Албанија за, како што рекоа, потребите на фармацевската индустрија./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.
Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот Вудро Вилсон во Белград на вода, објави РТС.
View this post on Instagram
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23.13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки, на кои се гледаат телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин