Регион
Еден мртов, стотици се’ уште заробени на траектот крај Крф кој се навалува
Едно лице загинало, а стотина се’ уште се заробени на траектот „Norman Atlantic“ кој со 478 патници и членови на екипажот на пат кон Италија се запали кај грчкиот остров Крит, а ноќта се накосил за 7 степени, додека работата на спасувачките служби ја попречува немирното море и орканскиот ветер.
Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас за телевизијата Skai изјави дека траектот „Norman Atlantic“ се навалил и претпоставува дека „можеби тоа е од водата којашто била користена за гаснење на пожарот“ што избувна утрото во неделата на 22 наутички милји од италијанскиот брег и 44 наутички милји од грчкиот остров Крф. Пожарот е делумно ставен под контрола. Осигурителната компанија ANEK соопшти дека нема опасност од превртување на траектот кој е приврзан за италијанскиот брод „Мариета Барет“. Траектот на кој имало најмалку 222 возила од кои три цистерни со техничко масло, пловел од грчкото пристаниште Патра кон италијанското Анкона.
До вечерта во 21 часот по локално време од траектот се спасени 178 луѓе од 478 патници и членови на екипажот, Италијанската и грчката крајбрежна стража потврдија дека спасувачката операција ќе трае целата ноќ, а во неа учествуваат трговски бродови, воздухопловните сили и крајбрежните стражи.
Хеликоптерите, два италијански и два грчки, пред паѓањето на темнината започнаа со подигнувањето по двајца од патниците од палубата на запалениот ферибот кој плута во Јонското Море, а бурата го отежнува спасувањето.
Траектот во неделата наутро испратил повик за помош, бидејќи на долната палуба избил пожар. Бродот се’ уште гори, изјави портпаролот на грчката крајбрежна стража Никос Лагкадианос, но додал дека силниот дожд кој го отежнува спасувањето помага во гаснењето на пожарот.
На траектот главно биле Грци – 269, Турци – 54, Италијанци – 44, Албанци – 22, Германци – 18, десет Швајцарци, девет Французи, Руси, Украинци, Австријци, Британци и Холанѓани, има и еден државјанин на Хрватска и како што потврди грчкото министерство за надворешни работи има и тројца македонски граѓани.
Траектот „Norman Atlantic“ кој плови под италијанско знаме, долг е 186 метри и покрај 55 членови на екипажот може да прими 492 патници./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

