Регион
Ердоган: Невозможно е продолжувањето на мировниот процес со Курдите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени во вторникот дека „не е возможно“ продолжување на мировниот процес со Курдите се додека бунтовниците од Работнилката партија на Курдистан (ПКК) изведуваат крвави напади на турските сили за безбедност.
„Не е можно да продолжи мировниот процес со оние кои се закануваат на националното единство“, рече Ердоган на прес конференција во Анкара во пресрет на четиридневната официјална посета на Кина и Индонезија.
Турскиот претседател воедно повтори дека нема да попушти пред „терористичката закана“ на ПКК и на џихадистичката група Исламска држава (IS).
„Нема ни збор за повлекување. Тоа е долг процес и ќе продолжи подеднакво решително“, рече Ердоган.
Тој уште еднаш ги стави во ист контекст двете организации додека Западот смета на сириските Курди, сојузници на ПКК, во борбата против IS.
Турцијата минатата недела започна воздушна офанзива на цели на IS во Сирија, по бомбашкиот напад во Суруч, кој се припишува на џихадистичката група, а во кој загина 32 курдски борци.
Анкара истовремено изведе повеќе воздушни напади на ПКК кој повторно зареди со крвави напади над турските безбедносни сили. По првите турски напади ПКК го прекина примирјето кое го почитуваше од 2013 година и уби неколку војници на југоистокот на Турција, каде Курите се мнозинство. /крај/мф/ап
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.