Регион
Ердоган од историскиот Самсун ја започна кампањата
Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кандидат за претседателските избори кои ќе се одржат во август годинава, во саботата ја започна својата кампања со ветување на своите приврзаници дека како шеф на државата ќе има моќ да го покрене „новиот почеток“ на Турција.
„Го правиме првиот чекор кон новиот почеток“, изјави Ердоган пред масата своите поборници на првиот предизборен собир во Самсун. Ердоган кој на 1-ви јули ја најави својата кандидатура на претседателските избори, беше дочекан во Самсун од мноштво членови и приврзаници на неговата Партија на правдата и развојот (АКР).Ердоган го одбра градот Самсун, од кој во 1919 година, основачот на модерната турска држава, Мустафа Кемал Ататурк трган во војната против странските сили за независност на Турција. „Деведесет и пет години подоцна и ние од тука го правиме првиот нов чекор за Турција – го почнуваме патот кон изборот на новиот претседател на Турција“, изјави 60-годишниот Ердоган кого неговите поддржувачи го сметаат за личноста којашто ја гарантира стабилноста на земјата.Исламско конзервативниот премиер, кому противниците му забележуваат дека сака да ги наметне муслиманските верски вредности на штета на секуларноста на државата и потсетуваат дека бил вмешан во корупциски скандал, и натаму е најпопуларниот политичар во Турција и се очекува негова лесна победа уште во првиот круг од претседателските избори,Првиот круг од турските претседателски избори ќе се одржи на 10-ти август, и тоа ќе биде првпат Турците да го избираат шефот на државата непосредно преку избори. Оваа функција, којашто сега ја извршува Абдула Ѓул, исто така од АКР, досега беше главно протоколарна. Меѓутоа, Ердоган во Самсун потсети дека има намера целосно да ги користи овластувањата но и да ги прошири, што предизвика загриженоста особено кај опозицијата.„Докажавме дека сме во служба на народот“, истакна Ердоган ветувајќи дека новиот претседател ќе ги извршува сите овластувања вклучително и новите./крај/мф/сн
Извор: Dogan
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

