Контакт

Регион

Подигнато обвинение за балканскиот наркобос Кељменди

Објавено пред

Специјалното обвинителство на Косово подигнало во петокот обвинение „за убиство и трговија со дроги“ против Насер Кељменди, кого локалните медиуми го сметаат за балкански наркобос кој две години се наоѓа на списокот на САД на главните трговци со дроги во светот.

Педесет иседумгодишниот Насер Кељменди е обвинет „по неколку точки, меѓу кои за организиран криминал, убиство во мафијашки кругови во Босна и Херцеговина, како и за криумчарење на стотина килограми хероин“, изјави за медиумите, Лиридона Козмаќи-Хајдарај, портпаролка на државното обвинителство на Косово.Кељменди, кој инаку е државјанин на БиХ, беше уапсен во мај 2013 година, во околината на Приштина на барање на босанскохерцеговските власти. Полицијата го смета за „мозокот на организираниот криминал во БиХ и во регионот“.Насер Кељменди успеа да побегне во 2012 година, кога полицијата во БиХ покрена голема операцијата „против најголемата криминална организација“ во земјата којашто се занимавала со трговија со дроги и била вмешана во убиства коишто досегаа до структурите на власта.Во БиХ Кељменди е обвинет за продажба и распространување наркотици во Јужна Америка, Турција, Србија, Хрватска и западна Европа.БиХ и Косово немаат потпишан договор за екстрадиција./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Србија 386 новозаразени и 18 починати, Брнабиќ ги моли граѓаните да се придржуваат до мерките

Објавено пред

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, одржа вонредно обраќање до јавноста поради ситуацијата предизвикана на коронавирусот.

Претходно, претседателот Александар Вучиќ за српските медиуми изјави дека денес е најлошиот ден од почетокот на пандемијата.

Ова во обраќањето го потврди и премиерката, која ја соопшти дневната бројка од 386 новозаразени и 18 смртни случаи.

„За 24 часа, дури 18 лица починаа, 130 се на респиратор и од 8.646 тестирани, имаме 386 нови случаи“, рече таа.

„Кога велам дека по речиси сите параметри, ова е еден од најлошите денови, мислам на бројот на смртни случаи, а во некои други работи се приближуваме до најлошиот ден во април. Најлошо беше на 12 април во однос на пациентите на респиратори, а најголема бројка на новозаразени имавме на 16 април. Но, ако вака продолжиме, за жал, набргу ќе ги достигнеме и тие бројки“, рече таа.

„На 30 јуни воведовме маски како обврска во затворен простор, но не гледаме никакво подобрување од оваа мерка. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата за да може соодветно да реагираме“, рече Брнабиќ додавајќи дека не преостанува ништо друго, освен да ги замоли сите граѓани строго да се придржуваат до мерките.

Таа рече дека мерките препорачани од СЗО не се премногу сложени и дека е потребна самодисциплина.

Србија вчера воведе нови рестрикции поради коронавирусот, а најстрого е во Белград, каде што и најмногу се шири инфекцијата. Сепак, по протестите, властите се откажаа од првичната намера за враќање на вонредната состојба и полицискиот час во земјата.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска регистрирани рекордни 116 новозаболени од коронавирус

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 116 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, меѓу нив 104 пациенти се на болничко лекување, од кои 4 пациенти биле на респиратор. Две лица починаа, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 3.532 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 117 починале, а 2.377 оздравеле.

Во моментот 4.660 лица се во самоизолација. До денес тестирани се вкупно 91.486 лица, од кои 1.722 во последните 24 часа.

Во согласност со сегашната епидемиолошка состојба, Центарот за цивилна заштита на Хрватска донесе одлука за неопходни мерки за организирање собири, на кои се присутни повеќе од стотина учесници за време на прогласената епидемија на Ковид-19.

Споменатата одлука ги воведува потребните мерки што мора да ги исполнат организаторите на сите собири со повеќе од сто лица.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Србија користела кинеска опрема за да ги потисне протестите во Белград

Објавено пред

Српската полиција ги потиснува демонстрациите со антитерористички екипи, кои кинеската специјална полиција ги обучи кон крајот на минатата година, пренесува „Брејтбарт“ повикувајќи се на информации на „Дојче веле“.

Веста доаѓа откако Кина во саботата го склучи својот прв европски договор за оружје со Србија.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во вторникот објави дека повторно ќе биде воведен полициски час на национално ниво поради коронавирусот како резултат на порастот на бројот на нови случаи во последните неколку дена.

Ова разбесни илјадници граѓани, кои ја обвинуваат владата за предизвикување на вториот бран бидејќи прерано ги олесни претходно воведените мерки, и ги поттикна да протестираат против новите ограничувања во вторникот вечерта во Белград, каде што демонстрантите влегоа во зградата на парламентот.

Како одговор српската интервентна полиција употреби строги мерки за да ги потисне демонстрантите прскајќи ги толпите со солзавец и тепајќи ги демонстрантите со палки. Немирите продолжија во средата вечерта во Белград и другите српски градови, иако претседателот Вучиќ се повлече во врска со своите планови за нови антипандемиски мерки.

„Демонстрантите во Белград ги гаѓаа безбедносните сили со камења, факли и со празни шишиња. Некои од нив ги фрлаа канистрите со гас назад кон полицијата. Бидејќи толпата растеше, интервентната полиција ги потисна демонстрантите подалеку од зградата на парламентот, од каде што почна митингот во средата. Големи групи интервентни полицајци, вклучително и возила што припаѓаат на специјалниот антитерористички одред, патролираа низ градот“, се наведува во извештајот.

Специјалните антитерористички одреди во Србија се најдоа во меѓународниот печат кон крајот на ноември 2019 година кога на единиците им се придружија кинеските безбедносни сили во заедничка вежба во близината на Белград.

„Кинеската специјална полиција учествуваше на нивната прва заедничка вежба за обука во Европа придружувајќи се на елитната српска антитерористичка единица и на локалната полиција во вежбите во кинеската челичарница во близина на Белград“, објави „Ројтерс“.

Српскиот министер за внатрешни работи во тоа време, Небојша Стефановиќ, рече дека планира поголема соработка со кинеските агенции за спроведување на законот додавајќи дека Србија учи од поголема и посилна земја.

Минатата есен српската полиција почна со заедничка полициска патрола со кинеските полицајци, кои беа распоредени во Србија за да помогнат со сè поголемиот број кинески туристи и работници во земјата, објави „Евроњуз“.

„Полицајците од Кина ќе им помагаат на српските полицајци во комуникацијата со кинеските државјани и во нивната комуникација со државните органи на Србија“, рече Стефановиќ во септември 2019 година посочувајќи дека заедничките патроли ќе почнат во октомври.

Преку својата иницијатива „Белт енд роуд“, Пекинг инвестира милијарди долари во заеми за изградба на железници, патишта и електрани, главно со кинески работници, во цела Србија.

„Форин полиси“ пишува дека од август 2018 година во Белград е воспоставен системот за набљудување „Безбеден град“ на кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“. Официјално објавен од српското МВР во јануари 2019 година, полицискиот проект предвидува инсталирање 2.000 камери со висока резолуција, кои користат софтвер за препознавање лица и регистарски таблички, на 800 локации во Белград во текот на следните две години.

Српските организации за човекови права го критикуваа системот за надзор за кршење на слободите на граѓаните и граѓанските права, а особено за неговиот потенцијал да ја потисне слободата на изразување во форма на мирни протести. Според извештајот, Вучиќ на претходните големи протести на опозицијата во првата половина на 2019 година наредил надзорни беспилотни летала да ги следат демонстрациите.

На 4 јули Србија првпат ги покажа воените беспилотни летала купени од Кина. Во воената воздушна база во Батајница, во близина на Белград, Вучиќ откри дека Србија неодамна примила пратка од кинески извидувачки беспилотни летала и ракети. Продажбата претставува прв договор на Кина зо оружје со европска земја.

„Шест беспилотни летала CH-92A и 18 проектили ‘воздух-земја’ – FT-8C им се предадени на српските вооружени сили за зајакнување на нивните можности за извидување“, се вели во соопштението на српското Министерство за одбрана.

„Ова станува модерен начин на војување. Во тој поглед претходно немавме никакви шанси да се натпреваруваме со посериозни земји“, рече Вучиќ за продажбата на оружјето.

„Сега почнуваме и важно е дека договоривме трансфер на технологија со Кина, така што нашиот ‘Пегаз’ може полека да се внесе во системот на српските вооружени сили“, рече претседателот осврнувајќи се на беспилотните летала „Пегаз-011“ развиени од Србија.

Иако точната вредност на договорот со оружјето со Кина останува непозната, Вучиќ рече дека оружјето не е скапо и оти Србија би купила и повеќе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче....

Македонија1 час

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија2 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија2 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија2 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија4 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет4 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ4 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ5 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион6 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија6 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет7 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија8 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија8 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија8 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија19 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија20 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија22 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија23 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија24 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Досие