Регион
Ердоган потврди дека се заканил оти ќе ја преплави Европа со мигранти
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потврди во четврток дека на највисоките европски претставници, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, им рекол дека Европа ќе ја преплави со мигранти и ги повика ОН да ја решат кризата со воспоставување на забрана на летање и безбедносни зони во Сирија.
„Претходно ги запревме луѓето на вратата на Европа, во Едрене ги запревме нивните автобуси. Тоа се случува еднаш или двапати, а потоа ќе ја отвориме вратата и ќе им посакаме среќен пат, тоа го реков“, рече Ердоган.Тој оцени дека во Европа јакнат ксенофобичните и расистичките тенденции.Грчки портал објави во понеделникот дека Ердоган, на состанокот со Јункер и Туск, во ноември се заканил дека ќе ја преплави Европа со мигранти ако не му помогнат во згрижувањето на бегалците.Ердоган во говор на бизнис форум во Анкара, предупреди дека бројот на бегалци што се движат кон Турција во последните денови би можел да нарасне на 600.000 ако продолжат руските и сириските напади.Уште додаде дека иранските сили во Сирија вршат „безмилосни масакри“, порачувајќи дека ОН мора да направи повеќе за да го запре „етничкото чистење“ во таа земја.„Турција ќе биде стрплива до одредена граница во поглед на кризата во Сирија, а потоа ќе биде принудена да дејствува“, предупреди Ердоган.Истакна дека кризата во Сирија не може да се реши без воведување на зона на забрана на летање и безбедносни зони. /крај/мф/ст
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

