Регион
Ердоган сака авион за верскиот поглавар

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вети во разговор за телевизијата NTV дека ќе побара владата на највисокиот верскиот поглавар во земјата да му обезбеди авион, изјавувајќи дека тој би требало да има исти услови како Папата.
Ердоган претходно вети на Мехмед Гормез, претседател на Дијанетот, државната институција којашто се занимава со верските прашања и е наследничка на некогашниот османлиски калифат, ќе му обезбеди луксузен автомобил. Ветувањето го исполни, а Гормез од тогаш е под притисок на јавноста да го врати луксузниот модел „Mercedes S 500“, кој наводно е купен по цена од 385 илјади евра.
Инаку Мехмет Гормез беше единствен од верските челници коишто не го примија челникот на Римокатоличката црква папата Франциск за време на неговата посета на Турција во ноември минатата година. Како познат противник на секаков луксуз, папата тогаш се возеше во автомобил „рено симбол“.
Поглаварот на Римокатоличката црква, инаку, нема свој авион, туку од Рум лета со авион на компанијата „Alitalia“, а се враќа со авиона на националниот превозник на земјата којашто ја посетил./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.