Регион
Ердоган: Турција има најслободни медиуми во светот

Турција има најслободни медиуми во светот, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, отфрлајќи ги обвинувањата дека неговата власт ја загрозува слободата на медиумите.
„Никаде на светот нема послободни медиуми од медиумите во Турција и во целост стојам зад ова. Медиумите се толку слободни што секој е слободен да изнесе навреди, клевети и да држи расистички говори кои не се толерираат во демократски земји“ изјавил Ердоган и додал дека тој и неговото семејство се мета на такви напади.
Пред две недели полицијата во рација го уапси главниот уредник на високотиражниот дневен весник „Заман“ и други приврзаници на неговите противници, меѓу кои и влијателниот проповедник Фехтулах Гулен кој е во егзил во САД.
Меѓу 27-те уапсени има полицајци, новинари, телевизиски продуценти и сценаристи.
Лишени се од слобода под обвинение дека користеле застрашувачки и други закани со намера насилно да ја преземат власта.
Изјавата на Ердоган доаѓа и по денешната одлука на судот да го ослободи ученикот, уапсен поради наводно вреѓање на претседателот.
Шеснаесетгодишниот средношколец беше уапсен во среда поради говор на ученички протест на којшто наводно рекол дека Ердоган е крадец и сопственик на илегална палата.
„Не можете така да вреѓате семејства во други држави. Кај нас нема граница на вреѓањето. Тоа не може да се случи во Европа или САД. Европјаните нам ни замеруваат, како такви работи да не се случуват кај нив. Никој не дига глас кога таму се апсат новинари“ вели Ердоган/крај/бе
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.