Регион
ЕУ бара од Балканот итно да обезбеди сместување за бегалците
Европската комисија (ЕК) ги повика земјите долж балканската рута која води до ЕУ, да направат повеќе околу давањето на засолниште за луѓето кои бегаат од судирите или сиромаштијата, потенцирајќи дека „неопходно е да за забрза процесот на обезбедување на примени капацитети“, пренесува АР.
Во објавениот извештај, се наведува дека моментално расположливи или пак во подготовка се само околу половина од 50-те илјади места кои беа ветени минатата година од страна на лидерите на балканските земји, а кои се однесуваат на сместувањето на бегалците на мигрантската рута.
Во извештајот се оценува дека балканските земји „сега мораат итно да ја забрзаат процедурата за примените капацитети“. Во тој документ се забележува и дека одговорот на Грција во однос на бегалската криза и натаму е премногу бавен и дека земјата не враќа назад доволен број од мигрантите кои не можат да се квалификуваат за добивање на азил.
ЕК наведува дека распоредувањето на ткн „хот спот“ локации за регистрирање на мигрантите и земањето на отпечатоци е забавено поради недоволниот ангажман околу персоналот и инфраструктурата, пренесува агенцијата. „Во моментов само еден хот спот е целосно оперативен“, се оценува во извештајот.
Во истиот документ се наведува дека скоро 20 илјади мигранти биле депортирани од почетокот на минатата година, но дека тоа и натаму „не е доволно со оглед на тоа што повеќе од 800 илјади пристигнале во 2015-та година“.
Евркомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос во средата изјавил дека им пратил писмо на земјите членки со „јасна и силна порака“ да ја забрзаат релокацијата на бегалците од преоптоварените Грција и Италија. Грчкиот еврокомесар рекол дека писмото го испратил до сите 28 земји членки, откако само 497 бегалци беа релоцирани во другите држави членки, од вкупно 160 илјади, колку што, пак, беа договорени минатиот септември./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

