Регион
Франција ја вратила довербата во Германија по шпионирањето
Франција во саботата објави дека е вратена меѓусебната доверба меѓу Париз и Берлин, откако германските медиуми објавија дека германската разузнавачка служба BND ѝ помагала на американската Агенција за национална безбедност (NSA) во шпионирањето на француските компании, владини објекти и Елисејската палата.
Германскиот неделник Der Spiegel објави документи според коишто германската BND десет години шпионирал во полза на американската NSA француски владини функционери и компании во Европа, вклучително и француско-германскиот аеронаутички гигант EADS денес „Аirbus Group“. Според овие документи, бил шпионирани кабинетот на францускиот претседател, министерството за надворешни работи и Европската комисија,
Од „Airbus“ во четвртокот објавија дека имаат намера да поднесат жалба до германскиот власти поради споменатиот извештај, а германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави во петокот дека германската влада мора брзо да ги разјасни ти обвинувања./
Француското министерство за надворешни работи соопшти во саботата дека тие информации не се нови, имајќи предвид дека одметнатиот соработник на NSA Едвард Сноуден во 2013 година разоткри дека Американците шпионирале француски цели и оти во тоа имале помош од европски земји.
„Германија го сторила она што е потребно за да се врати заемната довeрба“, рекол за Reuters претставник на француското министерство за надворешни работи. Новите обвинувања во медиумите се однесуваат на периодот пред 2010 година, појаснил, додавајќи дека во меѓувреме Германија спровела парламентарна истрага која довела до ограничување на соработката со САД./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

