Регион
Грабнати двајца службеници од српската амбасада во Либија

Српското министерство за надворешни работи потврди во неделата вечерта дека во Либија се киднапирани двајца службеници на амбасадата на Србија во оваа земја.
Според соопштението, станува збор за Слаѓана Станковиќ задолжена за комуникации и возачот Јовица Степиќ, кои биле грабнати во неделата претпладнето во градот Сабрати. Белградските електронски медиуми претходно објавија дека двајцата службеници во дипломатската мисија биле грабнати во градот Сирт, упориштето на соборениот и ликвидиран либиски челник Моамер ел-Гадафи, кој по револуцијата од 2013 година беше под контрола на исламистичките поранешни бунтовнички милиции, а од јуни 2015 година по крвави борби го зазема џихадистичката Исламска држава.Сирт се наоѓа меѓу Триполи и Бенгази, каде што се седиштата на двата парламента и двете влади кои во моментов ги има Либија, на исламистите и на либералните сили кои ја имаат поддршката на меѓународната заедница.Првиот вицепремиер на српската влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, разговарал за грабнувањето со линискиот колега Мохамед Имхамид Абдилазис. „Министерството прави сé, во комплицираната ситуација на теренот, да обезбеди повеќе информации и безбедност враќање на нашите државјани“, се наведува во соопштението од српското министерство за надворешни работи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж фрли молотов коктел врз Куќата на цвеќето, го фати обезбедувањето

Белградската полиција го уапси 55-гпдишниот Г.М. под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, објави српски Телеграф. По наредба на обвинителството, му е одреден притвор до 48 часа.
Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот „25 Мај“, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.
Човекот е уапсен по интервенцијата на полицијата. Нема повредени.
Пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето. Според Телеграф, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека еден човек дошол пред Музејот, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.
„Се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Телеграф.
Неофицијално, се дознава дека човекот при апсењето рекол дека сакал да го запали „усташкото гнездо“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.
Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.
Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот во неделата, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.
Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.
Пловилото било извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, заради безбедност на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.
фото: принтскрин
Регион
Турист почина кај Неа Врасна, бил извлечен од морето

61-годишен државјанин на Србија трагично почина во морската област Неа Врасна во близина на Солун.
Мажот бил извлечен во бесознание од морето денес напладне. Според соопштението на крајбрежната стража, тимот за итни случаи на ЕКАБ веднаш му укажал прва помош, но без успех, по што телото било префрлено во Здравствениот центар Неа Мадита.
Прелиминарната истрага ја води Вториот оддел на пристаништето Ставрос на пристанишната управа на Јерисос, кој нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта, пренесува „Прототема“.