Регион
Грција го прифати реформскиот закон во замена за продолжување на помошта
Грчките пратеници во четвртокот го изгласаа реформскиот закон за да го осигурат продолжувањето на финансиската помош од меѓународните кредитори, но поради двајцата бунтовни пратеници парламентарното мнозинство се намали на само два мандата предност.
Законот со чиешто изгласување владата на премиерот Алексис Ципрас обезбеди исплата на 2 милијарди евра од новиот пакет финансиска помош од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за спасување на презадолжената Грција, е дел од реформите на чие спроведување се обврза левичарската влада, а важни се за новата, третата по ред, програма од надворешната помош која изнесува дополнителни 86 милијарди евра.Владејачката коалиција на радикалната левица и националистите се сведе само на 153 гласови во парламентот од 300 места, откако се исфрлени Никос Николопулос од Независни Грци, партијата од десницата, кој гласаше против во четвртокот, и Статис Панагулис од левичарската Сириза.Токму 153 гласа беа потребни за да мине законот со којшто се уредуваат даночните долгови и нивото на заштита на должниците од запленување на недвижнини. Тоа прашање беше болно во преговорите меѓу Атина и меѓународните кредитори. Ципрас тогаш им порача на Грците дека никој нема да им го плени нивниот дом.„Отфрлам да ги исфрлам на улица корисниците на заеми кои се борат за живот, да ги оставам на немилост на банките коишто сé повеќе се богатат во годините на корупција“, рече Панагулис.Групи луѓе протестираа во четвртокот во центарот на Атина и пред банките. Тие ѝ забележуваат на владата дека порачала оти нема да запленува ниеден дом, но дека со гласањето во четвртокот ги погазила правата на граѓаните.Грчката влада во петок ќе ги продолжи преговорите со меѓународните финансиски институции за новиот пакет реформи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

