Регион
Грција ја очекуваат предвремени избори доколку нема договор

Грција можеби ќе мора да свика предвремени избори доколку должниците не попуштат во своите барања, предупреди во петокот еден грчки министер, оценувајќи дека предлозите кои доверителите ги нудат се рамни на „самоубиство“.
„Секој пат кога Грција сака да постигне решение, тие доаѓаат и велат „доведете некои пензионири да ги ликвидираме““, реле министерот за труд Панос Скорлетис за грчката телевизија Мега.
Грција можеби на крајот ќе мора да распише предвремени избори доколку доверителите (Европската комисија, Европската централна банка и ММФ) продолжат да инсистираат на услови кои се надвор од мандатот кој јавноста и го има доверено на владата, рече министерот.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас истовремено изрази фрустрираност поради барањето на должниците по состанокот со француските и германските лидери во петокот, рече претставник на грчката влада.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд приватно се состанаа со Ципрас пред последниот самит на ЕУ во Брисел и ја повикаа Грција во сабота да го прифати договорот „пари за реформи“ за избегне банкрот.
„Ципрас ги извести двајцата лидери за грчкиот предлог и истакна дека грчката страна не разбира зашто институциите инсистираат на строги мерки“, рече претставникот ан грчката влада за Reuters. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.