Регион
Грција предлага замена на долгот, бара повеќе време за реформите
Новата влада на Грција предложи во понеделникот навечер замена на надворешниот долг со обврзници врзани со растот за да може оваа економски исцрпена земја да добие повеќе време и фискален простор за спроведување на неопходните реформи.
Новиот грчки премиер Алексис Ципрас и министерот за финансии Јанис Варуфакис уште изминатиот викенд тргнаа во дипломатска офанзива во земјите од Европската унија за да ги претстават своите предлози за враќање на огромниот грчки долг, кои не се темелат на штедењето, што го сметаат за погубно за населението и за грчката економија. Подоцна во вторник, премиерот Ципрас ќе се сретне со италијанскиот колега Матео Ренци, а министерот Варуфакис од Париз отпатува во Лондон каде во понеделникот разговараше со британскиот министер за финансии Џорџ Озборн и со меѓународни инвеститори.
Неименуван извор на агенцијата Reuters рече дека грчкиот министер во Лондон ги убедувал инвеститорите оти не сака судир со Европската комисија околу новиот договор за враќањето на долгот. Според пишувањето на лондонскиот деловен дневен весник The Financial Times, Варуфакис својот план го нарекол „мени за замена на долгот“, што значи дека Атина повеќе не бара отпис на 315-те милијарди евра странски долг, како што толкува весникот.
„Ќе им кажам на нашите партнери дека составуваме комбинација од примарен буџетски вишок и план за реформи. Ќе им кажам ’помогнете ни да ја реформираме нашата земја, дајте ни фискален простор тоа да го сториме, бидејќи во спротивно и натаму ќе се гушиме па нема да бидеме реформирана туку деформирана Грција’“, изјави за весникот министерот Варуфакис.
Грчкиот министер Варуфакис во понеделникот доцна ноќта издаде соопштение во кое се истакнува дека неговите изјави пред финансиските вложувачи погрешно се протолкувани. Не ги наведе притоа деталите, но Reuters укажува на зачестеното пишување на грчките медиуми дека постепено се повлекува од владината цел за намалување на долгот. „Владата и министерот за финансии нема да се повлечат, колку и нашата решителност да ги жалости некои луѓе“, се наведува во соопштението.
Reuters наведува, пак, дека на состанокот со грчкиот министер за финансии во понеделникот ноќта учествувал и основачот и извршниот директор на хеџ фондот CQS, Мајкл Хинце, британско-австралиски бизнисмен, еден од големите донатори на Конзервативната партија,, кој на прашањето дали министерот предложил замена на долгот одговорил „Во прашање е нешто повеќе избалансирано и пошироко“, ненавлегувајќи во детали.
Грција е под притисокот да го продолжи договорот со меѓународните доверители , Европската комисија, Европската централна банка (ECB) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) кој истекува на 28-ми февруари. Новата влада во Атина, предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза, која во предизборната кампања вети прекинување на договорот со „тројката“ странски кредитори и завршување на непопуларните мерки за жестоко штедење договорени со споменатата спогодба, сега не може да се задолжува на меѓународните пазари, а по истекот на договорот со кредиторите, ECB теоретски би можела да биде обврзана да го сопре финансирањето на грчките банки.
Во практиката би можело да се пронајде алтернативно решение за овој проблем, а потоа на Грција во март и’ доспеваат за наплата големи рати од долгот. Грчки функционери тврдата дека можеби Атина има доволно пари за подмирување на тие обврски, со што овој проблем би бил одложен до доцната пролет.
Во меѓувреме и Русија сигнализираше дека е подготвена да и’ помогне на Грција. Рускиот министер за финансии, Антон Силуанов изјави минатиот четврток дека Русија ќе го разгледа давањето финансиска помош на со долгови оптоварената Грција, доколку Атина тоа го побара. „Можно е да се замисли која и да е ситуација, и доколку такво барање ѝ биде упатено на руската влада, дефинитивно ќе го разгледаме, но ќе ги земеме предвид сите елементи на билатералните односи меѓу Русија и Грција“, изјави Сулианов за американската телевизиска мрежа CNBC.
Грчкиот премиер Ципрас на прес-конференција на Кипар, веднаш по неговата инаугурација, изјави дека во Атина „засега не разгледуваат други опции“ за враќање на долгот. Ги повтори повиците на својот министер за финансии да се укине механизмот на експертските инспекции коишто го воспостави „тројката“ доверители, и да биде заменет за директни преговори меѓу Грција и нејзините странски доверители. „Верувам дека тоа би бил зрел и неопходен чекор напред за Европа“, истакна Ципрас./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.

