Регион
Грција: Владејачката Сириза ја напуштиле уште 53 пратеници
Уште 53 пратеници од владејачката коалиција на радикалната левица Сириза преминале во новата парламентарна група „Народно единство“, која се противи на договорот со меѓународните доверители за новата трета програма надворешна финансиска помош за Грција, пишува во средата весникот Naftemporiki.
Новата фракција Национално единство, којашто ја предводи поранешмиот министер за енергетика Панајотис Лафазанис кој формираше нова пратеничка група веднаш откако премиерот Алексис Ципрас минатата седмица го врати мандатот, досега веќе имаше 25 пратеници одметнати од Сириза.
„Владата предводена од Сириза, за којашто ние се боревме со сите сили, и покрај колективните процеси, партиската програма и предизборните заложби, доведе до гласање за новите, уште пожестоки меморандуми“ од договорот со грчките кредитори, го цитира весникот соопштението на групата пратеници.
Пратениците ја критикуваат владата за одењето на предвремени парламентарни избори, одлука којашто, како што се истакнува во цитираното соопштение, била донесена без консултација на Централниот комитет на Сириза,.
Тие, исто така, истакнуваат дека ќе ги „заштитуваат интересите на народот, кој му кажал ‘не’ на ултиматумот“ од кредиторите на референдумот од 5-ти јули“. Пратениците имаат намера да ги поништат сите договори со доверителите и да го вратат „националниот демократски суверенитет“.
Премиерот Алексис Цирпас минатиот четвртокот ја поднесе оставката на неговиот кабинет што отвори простор за одржување предвремени избори, со амбиција да ја зацврсти својата власт, само седум месеци по доаѓањето на власт со предвремените избори од 25-ти јануари. Неговите желби, како и на дел од домашната јавност и на меѓународната заедница, изборите да се одржат што поскоро на 20-ти септември, за да нема застој во исполнувањето на договорот за новата програма за финансиска помош на Грција во износ од 86 милијарди евра.
Се очекува во четврток или петок, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос да го објави одржувањето на изборите, како и формирањето техничка влада. Таа до претседателскиот указа за распуштање на парламентот и одредувањето на датумот за спроведување на изборите, парламентот може да носи закони и покрај оставката на премиерот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.