Регион
Guardian: На Варуфакис би можело да му се суди за велепредавство?

Грчкиот државен обвинител Ефтерпи Коутцамани му нареди на парламентот да ги истражи наводите за редица обвиненија што му се ставаат на товар на поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, јавува Guardian.
До новиот развој на ситуацијата дојде откако дел од медиумите објавија информации за таканаречениот „План Б“ на Варуфакис, кој наводно вклучувал враќање на драхмата откако Грција би ја напуштила еврозоната.
„Во овој момент навистина не би сакала да бидам на негово место. Мислам дека е многу веројатно да заврши во судница“, рече грчката пратеничка Ана Асимакополу.
Со оглед на тоа што Варуфакис во моментот е член на парламентот, него го штити имунитетот, а простор за обвинение би можел да биде создаден доколку парламентот одлучи дека постојат основи за основање на посебна комисија која би ги истражила наводите.
Судски извори велат дека обвиненијата против Варуфакис би можеле да се движат од злоупотреба на власта до надгледување на основање на здружен злосторнички потфат.
Во пет одвоени тужби кои се водат против Варуфакис, се наоѓа и велепредавство. Сепак, правните експерти тврдат дека тоа обвинение би било многу тешко да се докаже. /крај/мф/ст
Извор: The Gaurdian
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.