Регион
Хан: ЕУ мора им помогне на земјите од западен Балкан

Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан изјави дека Европската унија (ЕУ) не може да дозволи земјите од западен Балкан сами да се борат со бегалскиот бран, предупредувајќи на опасноста од појавување на „невидливи железни завеси“ во Европа.
Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан изјави дека Европската унија (ЕУ) не може да дозволи земјите од западен Балкан сами да се борат со бегалскиот бран, предупредувајќи на опасноста од појавување на „невидливи железни завеси“ во Европа.
Според Хан, земјите од западен Балкан без своја вина се нашле во тешка ситуација поради големиот број бегалци, кои пристигнуваат на нивна територија.
„Сега имаме проблем на границата меѓу Србија и Унгарија, а утре можеби ќе имаме кога преку Хрватска ќе тргнат кон Словенија и Австрија“, нагласил еврокомесарот, додавајќи дека не смее да се дозволи бегалците да се најдат заробени во земјите од регионот и се заложи итно да им се помогне во решавање на мигрантската криза.
Австрискиот евокомесар, кој во петок ќе престојува во посета на Македонија, порача дека сака да види стабилизација и натамошен напредок на земјите од регионот, а не нови оптоварувања и проблеми./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.