Регион
Хан: Визна либерализација за Турција во замена за реадмисија
Европската унија (ЕУ) би можела да ги укине визите за граѓаните на Турција, но предусловот е договор за реадмисија, изјавил еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан, пренесуваат светските агенции.
Европската унија (ЕУ) би можела да ги укине визите за граѓаните на Турција, но предусловот е договор за реадмисија, изјавил еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан, пренесуваат светските агенции.
Хан додал дека визната либерализација со Турција е апсолутно реална во рок од 12 месеци, потенцирајќи дека Анкара мора да го прифати договорот за реадмисија.
„Тоа би овозможило бегалците кои доаѓаат во Европа да можат да бидат вратени во Турција“, објаснил Хан, негирајќи дека ЕУ поради бегалската криза ќе направи отстапки кон Анкара.
Според Хан, ЕУ нема да ги затвора очите пред кршењето на човековите права или конфликтот со Курдите, и нема да има повеќе средства од планираните три милијарди евра за поддршка на бегалците во Турција. Еврокомесарот додал дека се работи за безбедноста на надворешните граници на ЕУ, бидејќи во моментов 40 проценти од бегалците доаѓаат преку Турција.
Хан исто така додал дека пристапните преговори со Турција мора повторно да започнат, истанувајќи дека тие преговори се единствениот инструмент за потенцирањето на значењето на човековите права. Што се однесува до конфликтот кој Турција го има со Курдите, Хан истакнал дека тој претставува драматично оптоварување во односите меѓу ЕУ и Анкара, а Брисел од турските власти бара хуманитарно решение./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

