Регион
Хрватска повторно ја блокираше Србија за поглавјето 23 од преговорите со ЕУ

Хрватска повторно го блокираше отворањето на поглавјето 23 од преговорите меѓу ЕУ и Србија, откако Холандија после неколку недели се обиде да постигне консензус за отворањето на оваа поглавје, пренесуваат српските медиуми.
Според информациите на Танјуг, Хрватска на состанокот на земјите членки на Брисел на амбасадорско ниво повторила дека не може да се согласи со отворањето на поглавјето 23, кое се однесува на правосудството, а како причина за ова ги навела веќе познатите аргументи по прашањето на регионалната надлежност на српскиот суд за воените злосторства и застапеноста на хрватското малцинство во парламентот на Србија.
Шефицата на српскиот преговарачки тим во преговорите со ЕУ, Тања Мишчевиќ изјавила дека треба да се почека за да се видат понатамошните чекори на државите членки на ЕУ во однос на ова прашање.
„И натаму чекаме Хрватска да го даде своето мислење… ниту денес тие не дадоа никакво мислење и сѐ уште има време, бидејќи остануваат уште два месеци до крајот на претседавањето на Хландија, која јасно се определи дека сака поглавјето 23 да биде отворено за време на нејзиното претседателство“, рекла Мишчевиќ за Бета.
Таа навела дека исто така потсетила дека согланоста за отворањето на поглавјата на ниво на држави членки се носи со консензус и дека за Србија, поглавјата 23 и 24 се сметаат како најважни во преговарчкиот процес./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.