Регион
По повтореното гласање СНС и Вучиќ останаа со седум мандати помалку
Српската републичка изборна комисија (РИК) во четвртокот утрото ги соопшти прелиминарните резултати од вонредните парламентарни избори, според кои во српскиот Парламент сепак влегува десната коалиција Демократска партија на Србија – Движење Двери, додека пак, српскиот премиер Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија (СНС) остана со седум мандати помалку, пренесуваат српските медиуми.
Според последните резултати, во српскиот Парламент сега ќе влезат седум мнозински листи и партии и пет малцински партии. Во следниот четиригодишен мандат од 250 мандати во Собранието на Србија, СНС ќе има 131, потоа листата на социјалистите на Ивица Дачиќ добија 29 мандати, радикалите на Војислав Шешељ со 22 мандати, додека пак коалицијата на опозициската Демократска партија (ДС) на Бојан Пајтиќ ќе биде претставувана од страна на 16 пратеници, меѓу кои и претставник на војводинските Хрвати (ДСХВ).
Движењето „Доста беше“, предводено од поранешниот српски министер за економија Саша Радуловиќ освоои 16 мандати, а по 13 пратеници ќе имаат тројната коалиција меѓу Борис Тадиќ, Ненад Чанак и Чедомир Јовановиќ, и коалицијата ДСС-Двери.
Во Парламентот влегуваат и малцинските листи, Сојузот на војводинските Унгарци со четири пратеници, бошњачката листа на Муамер Зукорлиќ со два, колку што ќе има и Партијата на Демократската акција на Санџак на Сулејман Угљанин, додека, пак, по еден пратеник ќе имаат Партијата за демократско делување на Албанците на југот и Зелената партија.
Формирањето на новата влада се очекува по 28 мај, за кога победничката Српска напредна партија закажа вонредна седница на партиското собрание а до овој датум се отворени и можностите за постизборни коалициски договори. Лидерот на СНС и актуелен премиер Александар Вучиќ најави дека „не сака да има ништо“ со партиите кои „безобѕирно лажеле“ и го обвинувале за изборна кражба, и дека коалициски партнери во следната влада би можеле да бидат само војводинските Унгарци./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Регион
Не ги навредив Бугарите, туку ја критикував нашата влада, објасни хрватскиот претседател по изјавата на која реагираше Софија
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека со изјавата дека Хрватска е „на дното на ЕУ по повлекувањето на европските пари, а само Бугарија е полоша“, не ги навредил Бугарите, туку ја исмејува хрватската влада која прави „будали и социјални случаи“ од нејзините граѓани.
Милановиќ претходно рече дека „Хрватска е дното на Европската унија и дека само Бугарија е полоша“, па секој ден се молат на Бога, Бугарија да остане последна и ништо да не и се случи, бидејќи во спротивно би била Хрватска“. По изјавата, според хрватските медиуми, Бугарите ја повикале хрватската амбасадорка во Софија, Јасна Огњеновац и изразиле незадоволство, пренесува порталот „Индекс“.
Бугарското Министерство за надворешни работи на хрватскиот амбасадор му пренело „длабоко разочарување од изјавата на претседателот Милановиќ“, каде што истакнале „дека изјавата е неприфатлива за Бугарија и не е во согласност со одличните билатерални односи меѓу Хрватска и Бугарија“.
Тие истакнаа и дека се надеваат дека „хрватската влада ќе се огради од таа изјава“.
„Не ги навредив Бугарите, туку исмевав некои елементи на хрватската влада кои не’ прават будали и социјален случај“, рече шефот на хрватската држава и додаде дека претходно ја критикувал земјата на тема повлекување европски пари.
„Дали можеме да кажеме дека Хрватска се моли Сингапур последен да подигне пари? Дали тоа звучи подобро? Но, Сингапур не е европска земја. Значи некој мора да биде последен. Тоа е Бугарија, а Хрватска е претпоследна“, рече Милановиќ и потсети дека тоа се статистички податоци и дека тоа досега го кажал десет пати.
„Тоа е потсмев, за жал, на сметка на некои во Хрватска кои не прават социјален случај, кои не можат да земат доволно европски средства, па затоа сме претпоследни. Нормално, гледаш кој е последен. Бугарија е последна, секогаш е последна (…) Хрватска е претпоследна“, рече Милановиќ.
„И тоа е факт за кој зборував десет пати. Алелуја (…) Тоа се факти за кои мора да се разговара во политиката бидејќи се многу релевантни податоци. Зошто Хрватска е претпоследна? Зошто не е петата одоздола, или петта одозгора. Зошто не е? Веројатно некој е одговорен за тоа“, додаде тој.
На крајот, како што додаде, никој не се моли Бугарија да пропадне, туку дека неговата изјава е верзија на американската шега за сојузната држава Арканзас, која „се моли на Бога Мисисипи, кој е најсиромашниот, да биде здрав и добро“, бидејќи во спротивно тоа би бил Арканзас.
„За да го знаете тоа, треба да прочитате нешто во животот, а не да се занимавате со селски скандали“, рече Милановиќ.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.