Регион
Хрватска: Тесна победа на Јосиповиќ во првиот круг
Актуелниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ од Социјалдемократската партија (SDP) Иво Јосиповиќ според првичните резултат на Државната изборна комисија води по првиот круг од неделните претседателски избори со тесна предност од само 1,33 отсто од гласовите пред конадидатката на Хрватската демократска заедница (HDZ) Колинда Грабар Китаровиќ, поранешна помошничка на генералниот секретар на НАТО за јавно дипломатија.
Според привремените и неофицијални резултати на Државната изборна комисија по преброени 99,7 отсто од изборниот материјал правникот и композитор Иво Јосиповиќ освоил 38,50 отсто од гласовите, па во вториот круг на 11-ти јануари за својот нов петгодишен претседателски мандат ќе се соочи со Колинда Грабар Китаровиќ која освоила 37,17 отсто од гласовите, пренесе агенцијата Hina.
Според бројот на гласовите, Јосиповиќ освоил 685.815, односно малку помалку од 24 илјади повеќе од Габар Китаровиќ која освоила 661.993 гласови.
Следата студентот Иван Синчиќ од движењето Жив ѕид, кој освоил 16,44 отсто или 292.907 гласови и кандидатот на десничарските партии Милан Кујунџиќ од Сојуз за Хрватска со 6,28 или 111,865 гласови.
Неделните избори во Хрватска минаа во атмосфера на невремето, а според комисијата одѕивот изнесувал 47,11 отсто , односно 1.781.194 од вкупно 3,77 милиони избирачи, додека неважечки ливчиња имал0 1,56 отсто, или 27.692.
Според прелиминарните резултати од 20 часот и излезните анкети Јосиповиќ беше во водство во однос на Грабар Китаровиќ со предност поголема од 8 отсто, но неговата предноста се намалуваше со пристигнувањето на резултатите од теренот па така разликата се стабилизираше на 1,5 отсто./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

