Регион
Хрватската Влада почнува постапка за излез од арбитражата за Пирански залив
Покрај притисоците од Словенија и од Европската унија, Хрватска одлучи да излезе од арбитражната постапка за границата со Словенија.
Покрај притисоците од Словенија и од Европската унија, Хрватска одлучи да излезе од арбитражната постапка за границата со Словенија.
Владата на денешната седница треба да одлучува за излез од постапката за арбитража со Словенија, односно за престанок на Спогодбата за арбитража меѓу Владите на Хрватска и Словенија по аферата наречена `Пирангејт`, јавија хрватските медиуми. Со едногласна одлука хрватскиот Сабор ја обврза хрватската Влада да излезе од арбитражата.На следната седница Владата ќе констатира дека Саборот ја овластил Хрватска да излезе од арбитражната Спогодба и таа за тоа ќе ги информира сите страни во постапката. Потоа, хрватскиот арбитар, Будислав Вукас, ќе се повлече од постапката.Арбитражата може да се продолжи ако претседателот на судот именува нов арбитар, но тоа за Хрватска повеќе ништо не значи.Словенија во вторникот, за свој арбитар го предложи претседателот на Меѓународниот суд на правдата, Рони Абрахам.Место најавениот национален арбитер, Љубљана го постави францускиот правник и стручњак за меѓународно право за да ја врати веродостојноста на постапката.Ова доаѓа откако во средата во хрватските медиуми беа објавени транскрипти и аудио запис кои покажуваат дека словенечкиот член на арбитражниот суд Јернеј Соколец и словенечката дипломатка оплномоштена претставничка за следење на арбитражата, Симона Дреник, како се договараат за изнесувањето на аргументите и лобирањето кај другите судии на Постојаниот арбитражен суд во Хаг за постапката за границата меѓу Словенија и Хрватска./крај/д/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трамп го покани хрватскиот премиер Пленковиќ во „Мировниот одбор“
Американскиот претседател Доналд Трамп го покани хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во „Мировниот одбор“, објави Индекс.хр.
Според она што е познато досега, поканата ја примиле европски лидери како што се Емануел Макрон, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. Покана од регионот, како што потврди вчера словенечката влада, стигна и до словенечкиот премиер Роберт Голоб.
Хрватската влада сè уште не одговорила на Белата куќа. „Ќе ја разгледаме поканата“, рекле од Владата за Индекс.хр.
Телото што Трамп го нарече „Мировен одбор“ првично беше создадено за да ја надгледува реконструкцијата на Појасот Газа.
Но, нацрт – повелбата открива иницијатива и мандат што оди многу подалеку од прашањето за палестинската територија и се однесува на придонесот кон решавањето на вооружените конфликти низ целиот свет. Затоа, се чини дека е замена за Обединетите нации.
Земјите што аплицираат за постојано место во телото ќе мора да платат „над 1 милијарда долари во готово“, според „повелбата“ што ја виде АФП, која исто така му дава на Трамп широки овластувања.
Многу странски лидери, вклучувајќи го и претходно споменатиот руски претседател Владимир Путин, добија покани да се приклучат на новото тело на Трамп, кое би го предводел претседателот на САД. Сепак, тие сè уште не кажаа дали ќе ја прифатат поканата.
фото/Depositphotos
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово во грчкиот регион Лаконија, јавуваат грчките медиуми.
Земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, 320 км југозападно од Атина, пренесува Катимерини.
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал во морското подрачје 117 км југозападно од Геролименас во Лаконија.
Досега нема извештаи за евентуални штети во овој земјотрес.
Регион
Бугарскиот претседател поднесе оставка
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја објави својата оставка, бидејќи се приближуваат предвремените парламентарни избори закажани за пролет, нов елемент во политичката криза што ја дестабилизира земјата пет години.
„Утре ќе поднесам оставка од моите должности како претседател на Република Бугарија“, рече Радев (62) во официјално соопштение.
Радев изјави во петокот дека земјата ќе одржи предвремени избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада, откако претходната администрација поднесе оставка минатиот месец поради широко распространети протести.
Неговата оставка дополнително ќе ги поттикне широко распространетите шпекулации дека ќе формира своја политичка партија. Во петокот, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела.
„Одиме на избори“, рече Радев во петокот.
фото/епа

