Регион
Илјадници се молеа Аја Софија пак да стане џамија

Илјадници муслимански верници во неделата пред знаменитата Аја Софија, монументалната базилика во турската метропола Истанбул се молеа овој храм кој во 1930-те стана музеј, повторно да биде претворена во џамија.
Традиционалното капење и утринската молитва следеше ден откако што владата организираше големи прослави низ цел Истанбул во спомен на падот на некогашен Цариград, а на кои учествуваа и претседателот Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу. Прославите беа организирани една седмица пред одржувањето на парламентарните избори во Турција, на 7-ми јуни. Настанот, како што пренесуваат турските медиуми, го организирало Друштвото на младите од Анадолија во спомен на годишнината од падот на Константинопол во 1453 година, денешен Истанбул. Дотогаш Аја Софија, која се смета за ремекдело на византиската архитектура, била соборен храм на Византиското царство. Потоа храмот служел како џамија во Отоманското царство до 1934 година, кога Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современата турска држава, ја претворил во музеј.
Меѓутоа, откако во 2002 година на власт дојде конзервативната исламистичка партија Правда и развој, постојано се лобира за тоа Аја Софија, којашто од 1985 година е ставена на листата светското културно наследство на УНЕСКО, повторно да биде претворена во џамија. Така, минатата недела неколку стотици лица во организација на неколку невладини организации во Турција, вклучително и Фондацијата за хуманитарна помош (IHH), одржаа митинг пред Аја Софија со кој бараа таа да биде претворена во џамија.
Ова прашање станува централен дел од културниот судир во Турција, поделена на оние кои сакаат да ги зачуваат придобивките од секуларната држава како што ја формирал Ататурк и оние кои сакаат да го зајакнат влијанието на исламот.
Главната христијанска светија во турската метропола соборниот храм Света Софија (Црквата на светата Мудрост) своевремено најголемиот храм во христијанскиот свет, е изградена во 537 година, а работите на неа се започнати во 532 година, во периодот од 1204 до 1261 година била претворена во католичка црква во текот на крстоносните војни, а потоа повторно седиште на Цариградската патријаршија, за по османлиското освојување на Мехмед Втори на Цариград во 1453 година да е претворена во џамија па потоа во музеј во 1934 година во времето на основачот на современа секуларна Турција, Мустафа Кемал Ататурк./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.