Регион
Излезни анкети: ГЕРБ на Борисов ги добива изборите во Бугарија
Партијата од десниот центар Граѓани за европска Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот премиер Бојко Борисов, е најверојатниот победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија но нема да добие апсолутно мнозинство, покажаа излезните анкети, што е резултат кој може да значи уште едена несигурна коалиција која ќе се мачи да ги разреши големите проблеми, од цената на енергијата, преку банкарската криза и да го заживее економскиот раст.
ГЕРБ кого го води поранешниот контроверзен премиер Бојко Борисов, добил околу 33 отсто од гласовите додека неговиот најголемиот негов противник Бугарската социјалистичка партија (БСП) доби 16 проценти од гласовите, што веројатно ќе значи дека претстојат денови или седмици преговори со помалите партии за да се осигури поддршката за новата влада.Новата влада ќе биде петта по ред за помалку од две години во најсиромашната членка на Европската унија во кој масовните протести на улиците ја соборија претходната влада на ГЕРБ а неодамна поради истите причини се повлече и владата поддржана од социјалистите. Аналитичарите сметаат дека нестабилноста ќе ги одбие инвеститорите, како и гласачите, кои следат како нивната земја влегува од криза во криза. Директните странски инвестиции паднаа за повќе од петина во текот на 2014 година. Големите димензии на разочарувањето на граѓаните од политичките елити ги навестија излезните анкети кои покажуваат дека одѕивот на избирачите на овие избори бил најнизок во 25-те години откако Бугарија го напушти комунизмот. Излезните анкети, исто така, покажуваат и дека рекорден број – осум политички партии веројатно ќе влезат во Народното собрание (парламентот) што е уште еден доказ за разочараноста на избирачите од големите партии што ја зголеми привлечноста на помалите партии.Портпаролот на БСП, Атанас Мерџанов, вее го оцени резултатот на својата партија како „тежок пораз“.„Со вака расцепкан парламент тешко е да се формира влада, а се поставува и прашањето колку таа ќе биде стабилна“, вели Димитар Бечев, политички аналитичар од лондонскиот Економски факултет. Како најважно за новата влада ќе биде носењето одлука како да се реши проблемот со „Корпоративната Комерцијалната Банка“, четвртата според големината бугарска банка која е затворена откако штедачите под сомнителни околности и шпекулации одеднаш ги извадија своите вложувања во јуни и чијашто судбина оттогаш е неизвесна./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

