Регион
Карамарко поднесе оставка на лидерската позиција на ХДЗ
Лидерот на највлијателната партија во Хрватска, ХДЗ, Томислав Карамарко, во вторник, поднесе оставка.
Тој, обраќајќи и се јавноста, изјави дека за неговата оставка има повеќе причини, но клучното е тоа што и ветил на партијата дека ќе успее да креира мнозинство во Саборот за реконструкција на владата, но не успеал во тоа. „Во секој цивилизациски свет нормално е после тоа да се поднесе оставка. Себеси се сметам за одговорен човек и партијата и понатаму да победува. Отворам простор за нов импулс“, рече Карамарко и додаде дека пплитиката е една валкана работа, иако тоа не би требало така да биде. Сепак тој е горд на сето она што го направил за партијата во изминативе четири години. Тој се уште не знае кој ќе биде негов наследник, но вели дека е време за консолидација на партијата. Минатата недела Карамарко најпрвинн поднесе оставка на позицијата прв потпретседател на Владата на чие чело беше Орешковиќ, на кого во Саборот му беше изгласана оставка.Сопругата на Карамарко која поседува маркетниг компанија имала долгогдишна соработка со лобист од унгарски МОЛ наводно зела околу 100.000 евра мито за да се забрза решавањето на спорот што го имале МОЛ и Владата околу преземањето на нафтената рафинерија ИНА.Карамарко рече дека не постои никаква афера и дека тој е чист./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

