Регион
Koha Ditore: Тачи нема меѓународна поддршка за формирање косовска војска
Приштинскиот дневник Koha Ditore во вторникот пишува дека косовскиот претседател Хашим Тачи нема меѓународна поддршка за трансформација на Безбедносните сили во војска преку промен на законите, наместо на Уставот.
Косовскиот весник пишува дека американските претставници го контактирале министерството за Безбедносни сили за да изразат несогласување со иницијативата на Тачи, нешто што било потврдено и од страна на министерот за Безбедносни сили Хаки Демоли во писмо до раководството во Приштина.
Демоли во писмото вели дека бил повикан од страна на заменик помошник државниот секретар на САД, Мајкл Карпентер и военото аташе на амбасадата на САД во Приштина за да му изразат загриженост поради намерите да се промени законот и на тој начин да се трансформираат Безбедносните сили во војска.
Косовскиот премиер Иса Мустафа на својот Фејсбук профил напишал дека Демоли не се противи на трансформација туку дека во своето писмо ги пренел ставовите на „стратешките партнери на Косово“, додавајќи дека нападите од страна на Демоли и објавувањето на официјални документи се неприфатливи и неодговорни, пишуваат косовските медиуми.
Канцеларијата на Европската унија во Приштина, пак, соопштила дека „толку важно прашање“ може да се решава само преку уставната рамка./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
