Регион
Коха: Исламски екстремисти инвестираат во образование

Градинки, училишта и сомнителни факултети се финансираат од фондови на невладини организации на Косово, кои се во спрега со исламските екстремисти и терористи, пишува во вторникот Коха диторе, повикувајќи се на извештај на странска разузнувачка служба.
Во текстот под наслов „Инвестициите на исламските терористи во образованието на Косово“, се вели дека тоа се одвива со дозвола на косовските институции.
Во извештајот на странската разузнувачка служба, до кој дојде весникот, се говори за активности на 50 невладини организации и 11 лица кои најмногу го ширеле верскиот исламски екстремизам.
Косово, во овој извештај, е претставено како „колевка“ на верското влијание уште од претшколските установи. Како пример се посочува градиката „Цветот на денот“ во Приштина, чиј сопственик е Дритон Мадзуни кој има силни врски со Хасан Абази еден од водачите на седмата бригада на буџахедини во Босна. На чело на финансии се наоѓа Хашан Али Ал Сарај, со потекло од Ирак, наведува весникот./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.