Регион
Комерсант: Хаг застана на страната на српскиот национализам

Одлуката на Хашкиот трибунал за ослободувањето на лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, може да биде вовед во почетокот на триумфалното враќање на радикалниот национализам во српската политика, пишува рускиот весник Комерсант.
Московскиот весник наведува дека говорот на судиите во трибуналот потсетувал на изрекување на пресуда, но не кон обвинетиот туку кон обвинителите, и дека тужбата била оценета како „недоследна“, а настапот на обвинителството како „максималистички“.
Во текстот насловен „Хашкиот суд застана на страната на српскиот национализам“, Комерсант пишува дека во Србија се смета дека пресудата на Хашкиот трибунал може сериозно да влијае врз исходот на парламентарните избори. Во секој случај, враќањето на радикалите во парламентот е практично неизбежно, а тоа е нешто за што доста помогна и самиот Шешењ, наведува весникот.
„Радикалниот национализам, чие олицетворение е Шешељ, со ова може да се врати во српската политика. А со тоа на Балканот му се закануваат нови потреси“, оценува Комерсант.
Хашкиот трибунал во четвртокот изрече првостепена ослободителна пресуда за Воислав Шешељ, наведувајќи дека лидерот на СРС не е виновен по ниедна точка од обвинението за воени злосторства./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.
Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.
Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот во неделата, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.
Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.
Пловилото било извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, заради безбедност на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.
фото: принтскрин
Регион
Турист почина кај Неа Врасна, бил извлечен од морето

61-годишен државјанин на Србија трагично почина во морската област Неа Врасна во близина на Солун.
Мажот бил извлечен во бесознание од морето денес напладне. Според соопштението на крајбрежната стража, тимот за итни случаи на ЕКАБ веднаш му укажал прва помош, но без успех, по што телото било префрлено во Здравствениот центар Неа Мадита.
Прелиминарната истрага ја води Вториот оддел на пристаништето Ставрос на пристанишната управа на Јерисос, кој нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта, пренесува „Прототема“.
Регион
(Видео) Пожарникарите во Црна Гора плачат од среќа – дождот ги изгасна големите пожари кои беснееја со денови

Ситуацијата во Црна Гора се смири по неколку дена катастрофални шумски пожари!
Силен дожд со поројни врнежи зафати многу подрачја и им помогна на пожарникарите. Речиси насекаде во Пипери падна дожд, освен на Риека Пиперска, каде што остана единственото активно жариште кое и понатаму се шири кон Дромири и Купини и уште подалеку во правец на Трмањ и Платија. Таму сè уште е суво.
Од Службата за заштита и спасување на главниот град прогласија победа над пожарите околу Подгорица.
– Заедно успеавме – наведоа од Службата за заштита и спасување.
Истовремено им се заблагодарија на сите граѓани, претпријатија, служби, војската и колегите пожарникари од цела Црна Гора, но и од странство.
– Ви благодариме за несебичноста, за секоја капка пот, за солзите и тагата, за грижата, поддршката и надежта. Благодариме за насмевката што ни ја упативте кога се гледавме очи в очи на теренот, за мавтањето додека поминувавме по патот, за сè што споделивте со нас во овие тешки денови. Вашата поддршка беше нашата сила да издржиме и да ја победиме огнената стихија – соопштија од Службата.
Се огласи и потпретседателот на Собранието на главниот град, Драгутин Вучиниќ.
– Пиперски Бротњик во овој момент е без оган! Благодарност до сите што учествуваа во гаснењето на пожарите во Пипери и низ цела Црна Гора. Голем поздрав од Поток – Пипери! Хеликоптерот си замина во база. Со среќа! Крај – рече Вучиниќ.
Како што соопштија од Пожарникарската служба Никшиќ, дождот што денеска падна и кој сè уште врне на некои места, ги изгасна активните пожари во местата Пиштете, Дубрава и Дуга. Остана само пожарот во Петровиќи, кој е активен во текот на целиот ден, но не ја загрозува имотната состојба, односно куќите, бидејќи се прошири високо во планината, јавува РТЦГ. Според последните информации од теренот, дожд почнал да паѓа и во Петровиќи, па пожарникарите се надеваат дека и тој пожар ќе биде изгаснат.
– Се разбира, ќе ја следиме состојбата во текот на ноќта, за да видиме како стојат работите – соопштија пожарникарите.
Најмногу се израдуваа пожарникарите, кои од среќа заплакаа.
Во текот на ноќта Црна Гора ќе ја зафати уште еден дождовен бран со порој и грмежи.
Засега не е познато до кога ќе останат екипите од странство.
Да потсетиме, изминатите денови голем број луѓе учествуваа во гаснењето на пожарите, а на помош пристигнаа и авиони. Ситуацијата беше најкритична на подрачјето на Подгорица, Никшиќ, Бјело Поље, Чањ, Будва…