Регион
Ксирос подготвувал атентат во Атина

– Христодулос Кирос на фотографии од полицксата архива пред (л.) и по бегството
Еден од најбараните и најопасни терористи во Грција, Христодулос Кирос, кој беше уапсен во саботата крај Атина една година откако по отсуството не се врати на дослужување на доживотната затворска казна, подготвувал атентат врз затвор во грчката престолнина, објавија во неделата грчката полиција и министерот за јавна безбедност.
Еден од најбараните и најопасни терористи во Грција, Христодулос Кирос, кој беше уапсен во саботата крај Атина една година откако по отсуството не се врати на дослужување на доживотната затворска казна, подготвувал атентат врз затвор во грчката престолнина, објавија во неделата грчката полиција и министерот за јавна безбедност.
„Грчката полиција спречи голем атентат врз центарот на грчкиот затворски систем, односно затвор Коридалос“, најголемиот и добро обезбедуваниот затвор во предградие на Атина, изјави министерот за јавна безбедност Василис Кикилјас на прес-конференција.
Властите наведуваат дека 56-годишниот Христодулос Ксирос, поранешен член и егзекутор на вооружената револуционерна организација „17-ти Ноември“, подготвувал напад врз затворот, веројатно со автомобил бомба.
Според директорот на грчката полиција, Димитрос Цакнакис, во куќата којашто со месеци живеел Ксирос, бие пронајдени белешки напишани рачно за план за напад и бегство, како и за алтернативни правци.
Во истата куќа во предградието Анависос бил откриен голем арсенал, меѓу кои осум автомати „калашников“, гранати повеќе килограми експлозивни материјали и неопходни работи за изработка на експлозивни направи.
Полицијата соопшти и дека Ксирос во текот на операцијата за негово апсење возел велосипед во близина на куќата во којашто се криел и не дал отпор.
Еден од лидерите на терористичката организација „17-ти Ноември“ e осуден на шест доживотни казни и 25 години тешка робија за учество во 33 терористички напади и шест убиства. Ксирос се смета за главен извршител на „17-ти ноември“, која беше распуштена во 2002 година, и којашто ја презема одговорноста за вкупно 23 убиства извршени во периодот од 1975 до 2000 година, а особено убиството на шефот на канцеларијата на американската CIA во Атина, Ричард Велч, од вкупно пет жртви на американското дипломатско претставништво. Во 1997 година организацијата „17-ти Ноември“ беше ставена на листата терористички групи на САД, а по бегството на Кирос, американскиот Стејт департмент инсистираше Атина да го пронајде и да го врати терористот во затвор. На 9-ти јануари 2014 година Кирос не се врати во добро чуваниот атински затвор Коридалос откако беше пуштен на отсуство во текот на божикните празници, а грчките власти објавија награда од милиони евра за информации коишто ќе придонесат за негово пронаоѓање и апсење.
Неколку дена по бегството, на 20-ти јануари минатата година, Кирос објави видео порака во којашто се закануваше со нови терористички напади, меѓу кои и врз политичари, новинари и деловни луѓе. Грчките безбедносни експерти тогаш изброија 250 негови потенцијални цели./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Петгодишниот брат ја застрелал малолетната сестра со пушка: децата си играле во семејната куќа во БиХ

Викендов се случил инцидент во БиХ кога петгодишен брат ја застрелал својата малолетна сестра (4) за време на игра.
Обвинителството потврди за Hercegovina.info дека дежурниот обвинител, Јосип Аничиќ, бил информиран за инцидентот и наредил да се спроведе истрага на местото на инцидентот.
– Според моментално достапните информации, братот (5) и сестрата (4) си играле во семејната куќа кога дошло до пукање од воздушна пушка – изјави портпаролката на обвинителството, Петруњела Матијевиќ, за Hercegovina.info, пренесува Srpskainfo.
Таа додаде дека полицајците, по наредба на обвинителот, се во фаза на испрашување на сведоците, со цел да утврдат како пушката се нашла на дофат на децата и кој ја оставил таму.
Според информации на медиумите во регионот, девојчето е добро и стабилно и без сериозни последици.
Фото: Принтскрин
Регион
Поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер, излезе од затвор

Иво Санадер, поранешен лидер на ХДЗ и премиер на Хрватска, е ослободен од затвор пред да ја отслужи целата казна. Санадер беше условно ослободен од затворот Липовица откако отслужи две третини од казната, објавија хрватските медиуми.
Како што објасни адвокатот Драган Црнковиќ, исполнети се сите законски услови за поранешниот премиер да биде ослободен. Тој рече дека покрај неговата возраст, една од причините наведени во барањето за ослободување е неговата здравствена состојба, но тоа не се главните причини, забележува тој, туку и фактот дека тој го почитува член 59 од Кривичниот законик. Тој истакнува дека на 15 август 2023 година отслужил половина од казната.
Ќе биде должен да се јавува во полиција секој месец и нема да му биде дозволено да го менува местото на живеење и привременото живеалиште.
На прашањето на новинарите дали тоа значи дека ќе има ограничено движење, тој одговори негативно.
„Не знам, може да го запали автомобилот, да оди во Сплит. Само ако има намера трајно да го промени местото на живеење и живеалиштето, мора да добие дозвола“, објасни адвокатот Црнковиќ.
Фото: ЕПА
Регион
Пленковиќ: Хрватска не тргува со оружје и воена опрема со Израел

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, денеска негираше дека Хрватска тргува со оружје со Израел, одговарајќи на барањето на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ до владата да престане да тргува со оружје и воена опрема со таа земја.
Кога беше замолен да ја коментира изјавата на Милановиќ, Пленковиќ рече дека „нема трговија со оружје и воена опрема со Израел“, пренесува ХИНА.
Хрватското Министерство за одбрана во саботата објави дека официјален Загреб во моментов не набавува оружје за хрватската армија од Израел.