Регион
Курц: Западен Балкан висока на агендата на ЕУ
Западниот Балкан мора да остане висока на агендата на Австрија и на Европската унија (ЕУ), истакна во петокот во Братислава шефот на австријската дипломатија Себастијан Курц.
На состанокот на шефовите на дипломатиите на Вишеградската група, учествуваа министрите на државите од западен Банлак, австријскиот министер како и идната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини.
„Состанокот беше многу позитивен бидејќи е добро темата од западен Балкан повторно да се актуелизира во присуство на Могерини“, изјави Курц за агенцијата APA по завршување на конференцијата.
Тој констатираше дека сите држави од регионот имаат уште многу интензивен реформски пат пред себе.
„Што побргу бидат спроведувани реформите тоа ќе биде подобро за државите, но и тоа ќе ја забрза пристапната перспектива“, нагласи Курц.
Европската перспектива за сите држави од западниот Балкан е корисна, подвлече шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак.
„Потврдивме дека проширувањето останува еден од приоритетите на ЕУ“, нагласи Лајчак на прес конференцијата, додавајќи дека државите од Вишеградската група и останатите учесници ја потенцирале својата решителност да се продолжи процесот на проширување на Унијата, кој е неизбежен и е без алтернатива.
На констатацијата дека новиот претседател на Европската унија Жан Клод Јункер во својата програма наведе дека нема да има проширување на ЕУ во наредните пет години, Лајчак констатираше дека ширењето има сопствено темпо и логика.
Според него, можеби не е реално некоја држава од западниот Балкан да ги исполни сите критериуми. „Ние меѓутоа се противиме на начинот на кој оваа изјава е изнета“, подвлече Лајчак.
Тој истакна дека ЕУ треба да ја пренесе својата решителност за продолжување на проширувањето, додавајќи дека е неизбежно на граѓаните од регионот реално да им се пренесе европската перспектива.
„Сметам дека изјавата на Јункер не треба да се сфати како политичка порака, туку пред се како опис на факти“, рече Лајчак.
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски оцени дека Јункеровата изјава не е демотивирачка за западниот Балкан.
Тој појасни дека Македонија веќе шест годии се обидува да ги исполни критериумите за пристапување и дека тоа го чини за себе, а не за ЕУ.
Шефовите на дипломатиите од Вишеградската група со своите колеги од Балканот се договорија за воспоставување на заеднички Фонд за западен Балкан со седиште во Тирана, кој би делувал по примерот на Вишеградскиот фонд.
Вишеградската група во воспоставувањето на фондот ќе внесе свои искуства и со ескпертска помош, но и со конректна финансиска помош во висина од 80.000 евра ќе даде свој придонес. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.