Регион
Лајчак: Отворањето на поглавјата не е трка, се смета квалитетот и бројот на затворени поглавја

Пристапниот процес за членство во Европската унија (ЕУ) не е трка, а особено не е трка во отворањето на поглавје, оценил за српските медиуми шефот на словачката дипломатија и претседавач со Советот на министри на ЕУ, Мирослав Лајчак, додавајќи дека она што се смета највеќе е квалитетот и бројот на затворени поглавја.
Лајчак оценил дека отворањето на две поглавја за Србија е голем успех, напоменувајќи дека за време на словачкото претседавање во Унијата во изминатите шест месеци земјата отворила четири преговарачки поглавја, што не е случај со ниедна друга држава.
„Дали премиерот требаше да остане или не, тоа е негова одлука. Јадранка Јоксимовиќ е министер, тоа што го одржавме се нарекува министерска конференција така што формално, нивото одговараше“, рекол Лајчак, запрашан околу тоа зошто српскиот премиер Александар Вучиќ порано го напушти Брисел и меѓувладината конференција ЕУ-Србија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.