Регион
Мицотакис ја повика ЕУ да не и дава пари на Грција

Грчки опозициски пратеник и поранешен министер побара од Европската унија да не и исплати пари на Грција додека новата влада не потврди во пракса дека ќе ги спроведе договорените реформи.
Киријакос Мицотакис во интервју за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung ја повика ЕУ преостанатите седум милијарди евра кредитна помош да не и ги исплати на Грција само врз основа на спискот на реформи кои ќе ги достави владата, изразувајќи сомневање дека владејачкото мнозинство во грчкото Собрание ќе ги поддржи реформите.
Мицотакис (48), пратеник и почеесен претседателот на либерално-конзервативната партија Неа демократија која ја формираше неговиот татко и поранешен премиер Констандинос Мицотакис (96), до јануари годинава беше министер за реформи на админситрацијата.
„Се надевам дека (ЕУ) ќе ја повиката владата (на Грција) низ Собранието да протурка барем еден реформски закон, како потврда дека навистина има мнозинство кое би ги одобрило реформите“, рече Мицотакис.
“Ова треба да биде апсолутен приоритет, бидејќи веројатно значителен дел од пратениците на владејачка Сириза нема да ги поддржат реформите и владата ќе остане без мнозинство, вели Мицотакис.
Грчката влада со недели има проблем со неколу пратеници кои негодуваат поради тоа што владејачката партија Сириза се откажала од предизборните популистички ветувања, пред се да ја прекине соработката со странските доверители и да донесе просперитет во соработката со Русија, Кина и арапските инвеститори. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.