Регион
Млади жени со хрватски пасоши пљачкосуваат по Шпанија

Две жени на возраст од 19 и 20 години со хрватски пасоши се уапсени поради ограбувања во јужните шпански градови Мурсија и Картагена, а уште три лица се обвинети како нивни помагачи, соопшти во неделата шпанската полиција.
Жена која се враќала дома ја нашла подотворена влезната врата, а кога влегла ги виделе двете жени и повикала полиција, рекол полициски извор за шпанската новинска агенција EFЕ. Нивниот идентитет не е откриен.
Последните години во Шпанија се зачестени грабежите на Ромки со хрватски пасоши, кои нивните машки помагачи ги развозуваат по местата каде следат кога станарите не се во своите домови, и ги обиваат бравите, потсетува хрватската агенција Hina. Од влегувањето на Хрватска во Европската унија во 2013 година, хрватските пасоши овозможуваат слободно патување и престој во 28-те земји членки.
Пленот потоа се носи во возило коешто ги чека пред ограбената куќа. Најчесто се крадат пари, накит и скапи парфеми, но и друг вредни предмети кои можат да се соберат набрзина. Шпанската полиција и оваа и минатата година уапсила повеќе вакви банди./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.