Регион
Могерини и Хан задоволни од спроведувањето на изборите во Србија

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан во понеделникот изјавиле дека изборите во Србија биле спроведени во мирна и фер атмосфера, пренесуваат српските медиуми.
„Граѓаните на Србија дадоа силна поддршка за стратешката цел на својата земја да стане дел од ЕУ“, се наведува во заедничкото соопштение на Могерини и Хан.
Европските претставници додале дека убедливата победа на Српската напредна партија (СНС) и нејзиниот лидер Александар Вучиќ и дава дополнителна одговорност, изразувајќи надеж дека парламентот ќе биде навремено конституиран.
„Се радуваме на соработката со новата влада и на консолидацијата на напредокот на Србија во процесот на пристапувањето во ЕУ“, се наведува во соопштението. Европските претставници изјавиле дека меѓународните набљудувачи, на покана на Србија, ги следеле изборите и дека нивните препораки се важни насоки за државата, особено на европскиот пат./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA C-295 на српската армија, кои ќе бидат згрижени во Воената медицинска академија и во Клиничкиот центар на Србија, јави Танјуг.
Претходно, авион со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Македонија за медицинска евакуација на повредените во несреќата. Двајца пациенти кои претходно биле пренесени од Македонија со воени амбулантни возила се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. За да им се пружи помош на повредените, планирано е двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог) и еден медицински техничар – инструмент-оператор да останат во Македонија, пренесе српски Телеграф.
Најмалку 59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Регион
Новак Ѓоковиќ го објави македонското знаме со црна панделка

По големата трагедија се случи во Кочани, Македонија, каде што најмалку 59 лица го загубија животот по пожар во дискотека се огласи и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Тој на социјалните мрежи го објави знамето на Македонија со црна позадина, испраќајќи поддршка до семејствата на загинатите и повредените.
Регион
(Фото+видео) Над 500.000 луѓе излегоа на протестот во Белград, пишуваат српските медиуми

Студентски протест наречен „15 за 15“ беше организиран денеска во центарот на Белград. Масовноста на денешниот собир ќе се процени во наредните денови, но српските медиуми тврдат дека ова е еден од најголемите одржани досега во Србија.
Божо Прелевиќ, адвокат и поранешен министер за внатрешни работи на Република Србија, за порталот Нова.рс зборуваше за тоа колку луѓе присуствуваа на денешниот собир.
„Во моментов сум на протестот и можам да ви кажам дека Теразије, плоштадот Никола Пашиќ, улицата Крал Милан и плоштадот Славија се преполни… Како некој што учествуваше на 5-ти октомври, морам да кажам дека овде има повеќе луѓе и според мое верување, на протестот има повеќе од 500.000 луѓе. Не можам да проценам, затоа што е едноставно неразбирливо. Само што го поминав Зелени Венац, кој исто така е полн, а луѓето доаѓаат преку мостовите“, рече Прелевиќ.
Beograd je opet svet❤️✊ pic.twitter.com/ppWxZlndZh
— Lazar Stojakovic (@StojakovicL_) March 15, 2025
Според проценките на српското МВР, во пикот на протестот имало 107 илјади луѓе.
Протестот во Белград се одржува по масовните собири организирани од студентите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.
ŽIVJETI SLOBODNO! ❤️ #Beograd pic.twitter.com/wBAfUQEuF4
— Илијана Милановић (@m_ilijana) March 15, 2025
Неколку дена претходно, студентите тргнаа пеш од неколку правци кон Белград, каде што пристигнаа во петокот вечерта, а во главниот град им беше приреден свечен пречек.
Ovo nikad nije bilo! pic.twitter.com/cgzJUg1CR1
— Tijana Kojović (@tkojovic) March 15, 2025
Ne Beograd, ovo svet video nije.. 🇷🇸🇷🇸🇷🇸 pic.twitter.com/zdbEGUaYL0
— Ivana (@Ivana66157567) March 15, 2025
Beograd je danas najlepši grad na svetu 💚 pic.twitter.com/ya1GJ7gKSk
— Zeleno-levi front (@nedavimobgd) March 15, 2025
"Gde god da odem taj grad me prati, Beograd moj sebi me vrati" ♥️🇷🇸 pic.twitter.com/KFIdXCwfpN
— Igor Vujanović (@Infoverzum) March 15, 2025