Регион
Могерини: Постигнатиот договор во Брисел е пресврт во дијалогот меѓу Белград и Приштина
Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, изјави дека договорот што го постигнаа премиерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ односно Иса Мустафа, претставува пресврт во преговорите меѓу Белград и Приштина.
„Премиерите на Србија и Косово дојдоа до пресврт во дијалогот. Тие постигнаа договор за општите принципи и за клучните елементи на Заедницата на српските општини, што отвора пат за нејзино востановување“, наведено е во соопштението од кабинетот на Могерини.
Таа додава дека Вучиќ и Мустафа постигнале договор и за примената на договорите за енергетиката и Телекомот, што ќе го олесно функционирањето на телекомуникацискиот систем на Косово.
„Премиерите постигнаа договор и за мостот во Косовска Митровица. Тоа ќе овозможи користење на мостот на еден начин кој е прифатлив за двете страни а тоа го симболизира духот на дијалогот, во кој посредуваме“, порача високата претставничка.
Могерини додава дека договорите се „камен-темелкник на процесот на нормализацијата“ и носат „конкретна корист за луѓето, истовремено овозможувајќи им на двете страни напредок во патот кон ЕУ“.
Српскиот премиер Александар Вучиќ по постигнувањето на договорот порача дека неговата страна постигнала добри договори, преку кои на српскиот народ на Косово не само што му се гарантираат безбедност и сигурност, туку и зачувување на работните места.
„Сега имам порака за нашиот народ, пред сé, народот на Косово, донесовме добри договори, ќе се формира Заедница на српските општини, со широки овластувања“, порача Вучиќ.
Според косовската претседателка Атифете Јахјага, пак, преку постигнувањето на договорот, вклучувајќи и посебен меѓународен повикувачки број за Косово, се докажува определеноста на и сериозноста на Косово во процесот на дијалогот, што ќе помогне за натамошна меѓународна консолидација и јасна европска перспектива на Косово.
„Договорите ја помагаат интеграцијата на српските заедници во институционалниот и општествениот живот на земјата во целосна согласност со уставот и законите на Косово“, се вели во соопштението од кабинетот на Јахјага./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.