Регион
Можни напади на исламистите, косовската полиција на готовс
Косовската полиција е во полна готовност, откако добиле официјални информации дека терористи од Ирак и Сирија, преку своите ќелии во Косово, Македонија и Јужна Србија подготвуваат низа акции, пишуваат српските и косовските медиуми.
Безбедноста е подигната на највисоко ниво со посебно внимание на обезбедување на полициските станици, затворите, зградата на парламентот, владата и објектите на дипломатските мисии.„Опасностие од терористички акции постојано се присутни“, тврдат во полициската станица во Грачаница и наведуваат дека полицискиот објект во центарот на градот, како и другите полициски станици во Косово, се под посебни мерки за обезбедување.Степенот на безбедност оди дотаму што полицајците кои се распоредени носат и панцири. Косовската полиција ја разгледува можноста за откажување на традиционалниот концерт во центарот на Приштина, посветен на Денот на независноста на САД којшто би требало да се одржи на 4-ти јули. Некои медиуми објавија дека концертот е веќе откажан.Полицијата поднела повеќе од 130 кривични пријави против лица кои се поврзуваат со учество во терористички акции и криминални организации, како и поради поддршка на лица кои се подготвени да преминат во редовите на исламисти во Сирија и Ирак.Уапсени биле 80 лица и извршено е пребарување на стотици локации ширум Косово. Најголем број уапсени имало во Призрен, Гњилане, Србица и Глоговац, како и упориштетот на исламските фундаменталисти, јужна Косовска Митровица.Во тој регион приведени биле повеќе имами, кои делувале како наводни „хуманитарни организации“ од Блискиот исток, посебно од Обединетите Арапски Емирати и Кувајт.Според полициските проценки, најголема закана за мирот претставува отворената граница и се поголемиот број на азилатни кои привремено упориште наоѓаат во Бујановац и Прешево, општини кои од претходно се познати како упоришта на терористичката група и шверцери на дрога.Поради опасност од прилив на терористи преоблечени во облека на азиланти, административната линија на Косово и централна Србија сега е под посебен надзор.Исти мерки се преземаат и во регионот на граничната линија кон Македонија.Полицијата проценува дека во последните дваесетина дена околу 10 терористи влегле на териротијата на Косово со задача да врбуваат активисти кои би вршеле терористички напади, како оној што се случи во Куманово. /крај/мф/
Извор: Srna
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија испраќа хуманитарна помош за Палестинците: Денеска и утре летаат авиони со стока наменета за загрозените во Појасот Газа
Владата на Србија соопшти дека го усвоила Заклучокот за испраќање хуманитарна помош во стока за Палестина, како форма на помош за ранливото население поради критичната хуманитарна ситуација во Појасот Газа.
Хуманитарната помош се дава во вид на храна, вода, медицинска опрема, како и шатори за сместување на семејствата, а вкупната вредност на робата е близу три милиони евра, со тежина од околу 900 тони.
Едниот авион денеска ќе ја земе помошта, а другиот утре, се наведува во соопштението и се додава дека „никој не може да процени“ кога оваа стока ќе стигне до жителите на Газа, со оглед на сложеноста на ситуацијата. Остатокот од хуманитарната помош во неколку наврати ќе биде транспортиран со бродови.
Владата се согласи со предлогот на Министерството за надворешни работи да одговори на повикот на специјализираната агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) за обезбедување финансиска поддршка на Програмата за итна помош на Газа, со уплата на средства во износ од 10.000 евра.
Регион
Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци кои го испрашуваа Драгијевиќ
Смртта на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) со недели е во фокусот на јавноста бидејќи обдукцијата покажала дека тој починал од насилна смрт додека бил во полициски притвор. Целиот случај со насилна смрт го истражува Секторот за внатрешна контрола (СУК), кој, според неофицијалните информации побарал суспензија на тројцата полицајци кои кобниот ден го испрашувале Драгијевиќ во станица.
Откако на 1 мај Одделот за внатрешна контрола изврши увид во полицијата во Бор, а со цел да се утврдат околностите под кои почина Драгијевиќ на 7 април, надлежните од СУК и предложија на надлежната организациска единица на Управата на полицијата да се спроведе дисциплинска постапка поведена против тројца членови на Одделението за криминалистички истраги на ЈУ Бор – Д.Б, И.С и Д.П, како и да донесе решение за времено отстранување од служба.
Според неофицијалните информации Далибор Драгијевиќ бил малтретиран од полицијата од моментот кога бил приведен поради сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на Данка.
Во текот на денот бил претепан од одредени припадници на полицијата, додека го носеле на различни локации за да им покаже каде е телото на двегодишното девојче, за што тврдел дека не знае.
Регион
Српската полиција под критики за Данка: „Ова е сериозен скандал“
Дека во возилото нема биолошки траги од девојчето покажаа првите резултати од ДНК-прегледот на службениот автомобил што го управувале осомничените за убиството на малата Данка Илиќ во Србија, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ. Ова е спротивно на претходните информации што властите ги објавија во јавноста.
Откако во средата Вишото јавно обвинителство во Заечар потврди дека резултатите пристигнале, почнаа да пристигнуваат критики, со кои се доведува во прашање работата на полицијата.
Адвокатот Марко Пантиќ за порталот Време изјави дека целиот случај е на нестабилни нозе и дека полицијата треба да почне внатрешна контрола.
„Првите информации за ова дојдоа токму од полицијата. Доколку се додаде, дополнително, соопштението на полицијата дека еден од сведоците починал во станицата од природна смрт и резултатите од вештачењето од Белград кое покажало дека се работи за насилна смрт – ова треба да предизвика, за почеток, сериозни процедури за внатрешна контрола на работата на полицијата, а со тоа верувам дека треба да се занимава и Обвинителството во Заечар.
Сето ова многу лошо се одразува на угледот на полицијата и придонесува за уште поголем колапс на довербата во институциите, која за жал е на многу ниско ниво“, вели адвокатот за Време.
Спротивставени информации во текот на истрагата и претресот на теренот, кои не резултираа со пронаоѓање на телото на девојчето, предизвикаа критики на српската полиција.
„Сериозен скандал. Објавување лажни вести за откривање на ДНК на малата Данка, принуда на признание, смрт на осомничен при распит… Прашање е дали полицијата конструира кривично дело и случајно наоѓа сторители заради собирање ловорики кога не можат да го решат случајот Каде е обвинителството?“, напиша на „Икс“, адвокатот Владимир Тодориќ.
Криминалистот Добривоје Радовановиќ вели дека се сомнева во веродостојноста на вештачењето на примероците од автомобилот.
„Многу се плашам од тие први и подоцнежни резултати, тоа значи дека се можни секакви мешања, како е можно првото вештачење да покажува дека има траги, а второто да нема траги? Ако второто вештачење, макар и прелиминарно, покажува дека нема траги, како конечно да покаже дека ги има?“, праша Радовановиќ за Време.
Радовановиќ додава дека признанијата изнудени со помош на незаконски средства не се валидни на суд. „Често имаме ситуација кога полицијата користи незаконски средства за да присили признание. Потоа осомничените го признаваат делото, а подоцна го повлекуваат на суд. Тоа е речиси редовна појава во кривичната постапка кај нас“, посочува Радовановиќ.
Како што вели, без докази обвинението не треба да постои. „Во теорија, но во пракса не е така. Времето во кое живееме е време на организиран криминал каде се е можно“, вели криминалистот.
Адвокатот Пантиќ вели дека од правен аспект целиот случај е многу слаб.
„Излегува дека имаме неколку многу тешки и бизарни кривични дела за кои го имаме само зборот на обвинетите, тие се под притисок на јавноста во притвор и ќе бидат уште долго, во тоа не се сомневам.
Но, засега, правно, ова изгледа многу слабо и прашање е дали ќе може да биде нешто посериозно. Како да се обвини некого за убиство ако нема тело и нема начин да се утврди механизмот на одземање живот? Ако ништо друго, прво семејството на детето кое за жал почина, а второ целата јавност заслужува да добие некакво правно финале“, изјави Пантиќ за Време.
Девојчето Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а за нејзиното убиство осомничени се работниците на Бор Водовод Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.
Двајцата беа уапсени на 4 април, а еден ден подоцна беа сослушани во Обвинителството во Заечар. Наводно, во таа прилика Драгијевиќ целосно го признал извршувањето на кривичното дело, додека Јановиќ наводно се бранел молчејќи. Потоа им беше изречена мерка притвор од еден месец.
Се сомнева дека Драгијевиќ и Јанковиќ со автомобил го удриле девојчето, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот и го однеле до депонијата. Телото на Данка до денес не е пронајдено. Во меѓувреме, приведен е и братот на Драгијевиќ, кој почина во полициската станица во Бор.
Иако првично беше објавено дека починал од природна смрт, обдукцискиот наод на Институтот за судска медицина во Белград покажа дека тој починал од насилна смрт на 7 април во утринските часови во полициска станица.