Регион
Најмалку 34 убиени во експлозијата во Анкара, 19 критично
Триесет и четири лица загинале, а 125 се ранети од кои 19 се во критична состојба, кога во неделата вечерта експлодира автомобил бомба во прометниот трговски кварт на турската престолнина Анкара, соопшти ноќта кон понеделникот министерот за здравство Мехмет Муезиноглу.
„Триесет луѓе загинаа на самото место, четворица починаа во болница. Претпоставуваме дека меѓу загинатите се и еден или двајца од терористите самоубијци“, изјави министерот Муезиноглу за новинарите во Анкара.
Одговорноста за нападот досега не ја презема ниедна група или организација, а министерството за внатрешни работи најави дека името на организаторите на нападот ќе го објави во понеделник, кога ќе заврши истрагата.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека нападот нема да ја намали „решителноста на Турција во борбата против тероризмот“ и дека државата „никогаш нема да отстапи од правото да ги брани своите граѓани“.
„Терористичките организации напаѓаат невини цивили, бидејќи губат во борбата против нашите безбедносни сили“, истакна Ердоган и додаде дека Турција станала цел на терористите поради нестабилноста во регионот последните години.
Според медиумските извештаи, експлозијата се случил во паркот Ѓувен, во близна на автобуската станица на авенијата Ататурк во квартот Кизилај, во центарот на Анкара, околу 18,35 часот по локално време. Телевизијата TRT наведува дека автомобилот бомба, за што се верува дека ја активирал самоубиец, експлодирала меѓу два автобуса со по околу 20 патници.
Очевидци велат дека чадот можел да се види од оддалеченост од 2,5 километри, како и дека во областа има многу целосно изгорени автомобили.
Оваа експлозија дојде одекна помалку од еден месец од нападот со автомобил бомба во центарот на Анкара во близина на штаба на турската армија, во кој загинаа 29 луѓе, најмногу високи офицери кои се превезуваа со воени автобуси./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

